На средбата се потенцираше дека е неопходно зајакнување на стандардите и капацитетите на високообразовните институции со посебен фокус на студиските програми и продуктот кои тие го креираат - дипломирани студенти за потребите на општеството и бизнис заедницата. Јаневска и Ѓуровски се согласни дека треба да се изградат и механизми за поддршка на развојот на високото образование во земјата од страна на бизнис заедницата.
Исто така, на средбата беше презентиран Полугодишниот извештај за работа на Одборот за акредитација на високото образование за периодот јануари – јуни 2024 година, а се посочи и дека во иднина ќе се интензивира соработката со институциите на ЕУ за квалитет и акредитација на високото образование.