Јаневска на средбата информираше за промените во основното и средното образование, со ревизија на Концепцијата за основното образование, како и за процесот на изготвување на Законот за средно образование и Законот за средно стручно образование, како и за чекорите кои Владата ќе ги преземе за унапредување на воспитно-образовниот процес во земја.
На средбата се говореше и за изучувањето на францускиот јазик на сите нивоа на образованието и можностите за поголема негова популаризација. Соговорниците изразија очекувања дека досегашната соработка насочена кон унапредувањето и интензивирањето на образовните практики ќе продолжи и во иднина.