– Активното учество на земјава во реализација на европската агенда преку ИПА фондовите, програмите за мобилност, ни даваат верба дека нашите ученици во скоро време ќе се образуваат преку еден модерен, европски образовен систем. Новиот систем за дигитално следење на постигнувањата на учениците, односно електронскиот дневник кој исто така е изработен со поддршка од ЕУ е само една алка во синџирот на имплементација на современите образовни стандарди, рече Јаневска.
Министерката Јаневска го запозна Амбасадорот Гир со политиките на новата Влада во областа на образованието и науката, посочувајќи дека состојбата е таква што наложува истовремено делување во сите сегменти на ресорот.