Институција која огласува: Министерство за образование и наука
Рок на пријавување: 11/08/2025
Министерството за образование и наука врз основа на член 48 став 4 и член 49 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/2019, 14/2020, 215/2021, 99/2022 и 208/2024), како и Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за образование и наука бр.04-2497/1 од 23.02.2018 година, бр.04-2694/1 од 28.02.2018 година, бр.04-2694/3 од 26.03.2018 година, бр.04-5011/1 од 18.04.2018 година, бр. 04-5904/1 од 08.05.2018 година, бр. 04-6214/1 од 16.05.2018 година, бр.04-7301/1 од 13.06.2018 година, бр.04-8833/1 од 20.07.2018 година, бр.04-9864/1 од 20.08.2018 година, бр.04-10875/1 од 12.09.2018 година, бр.04-14192/1 од 28.11.2018 година, бр.04-14557/1 од 05.12.2018 година, бр.04-15647/1 од 27.12.2018 година, бр.04-437/1 од 14.01.2019 година, бр.04-1610/1 од 04.02.2019 година, бр.04-5892/1 од 22.05.2019 година, бр.04-7473/1 од 02.07.2019 година, бр.04-8611/1 од 01.08.2019 година, бр.04-10622/1 од 17.09.2019 година, бр.04-13469/1 од 19.11.2019 година, бр.04-13795/1 од 25.11.2019 година и бр.04-15375/1 од 25.12.2019 година, бр.04-663/1 од 16.01.2020 година, бр.04-1558/1 од 28.01.2020 година, бр.04-2121/1 од 05.02.2020 година, бр.04-2197/1 од 06.02.2020 година, бр.04-2204/1 од 06.02.2020 година, бр.04-2729/1 од 14.02.2020 година, бр.04-5709/2 од 12.06.2020 година, бр.04-5898/1 од 18.06.2020 година, бр.04-8308/1 од 02.09.2020 година, бр.04-11404/1 од 16.10.2020 година, бр.04-12334/1 од 04.11.2020 година бр.04-1113/1 од 21.01.2021 година, бр.04-1797/2 од 01.02.2021 година, бр.04-2606/1 од 11.02.2021 година, бр.04-2733/1 од 12.02.2021 година, бр.04-5650/1 од 30.03.2021 година, бр.04-6564/1 од 20.04.2021 година, бр.04-7597/2 од 14.05.2021 година, бр.04-9695/1 од 30.06.2021 година, бр.04-9923/1 од 02.07.2021 година, бр.04-12501/1 од 30.08.2021 година, бр.04-16232/1 од 22.11.2021 година, бр.04-16524/1 од 26.11.2021 година, бр.04-17319/1 од 14.12.2021 година, бр.04-6232/4 од 28.12.2021 година, бр.04-739/1 од 20.01.2022година, бр.04-1562/1 од 08.02.2022 година, бр.04-2963/1 од 08.03.2022 година, бр.04-3720/1 од 23.03.2022 година, бр.04-4726/1 од 13.04.2022 година, бр.04-6370/1 од 01.06.2022 година, бр.04-7328/1 од 21.06.2022 година, бр.04-9597/1 од 11.08.2022 година, бр.04-14939/1 од 12.12.2022 година, бр.04-2176/1 од 21.02.2023 година, бр.04-4559/3 од 18.04.2023 година, бр.04-5283/1 од 11.05.2023 година, бр.04-7392/1 од 06.07.2023 година, бр.04-7695/1 од 13.07.2023 година, бр.04-8125/1 од 27.07.2023 година, бр.04-12794/1 од 24.11.2023 година, бр.04-13590/1 од 18.12.2023 година, бр.04-13590/4 од 20.12.2023 година, бр.04-13590/6 од 21.12.2023 година, бр.04-13590/10 од 25.12.2023 година, бр.04-616/1 од 12.01.2024 година, бр.04-1376/1 од 24.01.2024 година, бр.04-2092/1 од 08.02.2024 година, бр.04-8446/1 од 29.08.2024 година, бр.04-9316/2 од 13.09.2024 година, бр.04-11050/1 од 17.10.2024 година, бр.04-14560/1 од 30.12.2024 година и бр.04-696/1 од 14.01.2025 година, бр.08-7880/1 од 05.06.2025 година, бр.04-8571/1 од 18.06.2025 година, бр.04-8898/1 од 25.06.2025 година и бр.04-9484/1 од 04.07.2025 година, објавува
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 09/2025
за унапредување на административен службеник
во Министерството за образование и наука
Министерството за образование и наука објавува Интерен оглас за унапредување на 1 (еден) административен службеник за следното работно место:
1. УПР0101В02000 Виш соработник за развивање и имплементација на Националната рамка на квалификации, Одделение за Национална рамка на квалификации во Сектор за меѓународна соработка – 1 извршител
Посебни услови:
- ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен - општествени науки
- најмалку две години работно искуство во струката.
Потреби општи работни компетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон клиенти/засегнати страни и
- финансиско управување.
Посебни работни компетенции:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Распоред на работното време:
Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок.
Платата за работното место е во паричен нето износ од 32.868,00 денари.
Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија;
- активно да го користи македонскиот јазик;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Министерството за образование и наука, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за образование и наука, при ова административниот службеник треба да ги исполнува и следните услови:
- да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на исто ниво и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Заинтересираниот административен службеник, поднесува пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Министерството за образование и наука до Секторот за управување со човечки ресурси и до службената електронска адреса на Секторот за управување со човечки ресурси:coveckiresursi@mon.gov.mk.
Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази
- потвдри за успешно реализирани обуки и/или
- потврди за успешно реализирано менторство
Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на web страниците на Министерството за образование и наука и Агенција за администрација.
Ненавремена, нецелосна и некомплетна пријава нема да биде разгледана.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.
НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.
Решение за мирување на постапка за унапредување на административен службеник во МОН