Институција која огласува: Министерство за образование и наука
Рок на пријавување: 07/09/2026
Проектот за инфраструктурен развој на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, ќе се реализира во рамките на Министерството за образование и наука, имплементацијата на проектот се планира со средства од Развојната банка на Советот на Европа и Буџетот на Република Северна Македонија.
Министерството за образование и наука има потреба од ангажирање на 1 (едно) лице во Единицата за имплементација на проектот (ЕИП) на следнава позиција:
- Проектен менаџер - цело работно време
Минималните критериуми кои треба да ги исполнува лицето на наведената позиција се следниве:
-Завршено високо образование – студии од областа на општествените или техничките науки.
-Најмалку десет години професионално искуство во управување со проекти финансирани од меѓународни донатори и/или кредитори.
· Искуство во образовниот сектор ќе се смета за предност.
· Искуство во јавниот сектор ќе се смета за предност.
-Познавање на англиски јазик (пишан и говорен).
-Работа со компјутери (алатки за канцелариско работење).
Покрај наведените критериуми за позицијата избраните кандидати треба да ги поседуваат следниве вештини:
- Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;
- Менаџерски, комуникациски, организациски и аналитички вештини;
- Решавење проблеми, и одлучување за работи од својот делокруг;
- Ориентираност кон странките/засегнатите страни;
- Стратешка свест;
- Висока мотивираност за остварување на зададените цели и задачи.
Заинтересираните лица/кандидати потребно е да достават апликација кој содржи:
-Кратка биографија на македонски јазик (CV) и
-Писмо за изразување интерес на македонски јазик.
Нецелосните апликации, како и апликациите на лицата/кандидатите кои не ги исполнуваат минималните услови од овој оглас се одбиваат.
Апликациите треба да се достават најдоцна до 07.09.2026 година, на mail: stojance.gligorovski@mon.gov.mk
Со кандидатите кои ги исполнуваат мининалните критериуми, комисијата ќе закаже задолжително интервју.