Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Решение за запирање на постапка

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Врз основа на член 10 став (1) алинеја 7 од Законот за Педагошка служба („Службен весник на Република Македонија“ бр.18/2011, 41/2014, 55/2016 и 64/2018) и член 54 став (4)од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/15), директорот на Педагошката служба, го донесе следното

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

1. СЕ ЗАПИРА постапката за одобрување и издавање на учебник за наставниот предмет Албански јазик (јазик на заедницата) за VII одделение во основно образование започната по Конкурсот за одобрување и издавање на учeбници бр.26-791/1 од 08.07.2026 година.

2. Останатите постапки кои се дел од Конкурсот од точка 1 од диспозитивот на оваа Решение продолжуваат.

3. Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на неговото донесување.

4. Решението да се објави на интернет страницата на Министерството за образование и наука.

 

О б р а з л о ж е н и е

Министерството за образование и наука – Педагошка служба на ден 08.07.2026 година објави Конкурс за одобрување и издавање на 19 учебници во  основно образование бр.26-791/1, кој е објавен на интернет страницата на Министерството за образование и наука – Педагошка служба.

Помеѓу наставните предмети од Конкурсот е и наставниот предмет Албански јазик (јазик на зедницата) за VII одделение во основно образование. Бирото за развој на образованието, по објавување на Конкурсот, со допис бр.08-8/104 од 14.07.2026 година, достави нова наставна програма за наставниот предмет Албански јазик (изборен предмет) за IX одделение со напомена дека за наставната програма по Албански јазик (изборен предмет) за IX одделение треба да се изготви ист учебник за учениците како за наставната програма Албански јазик (јазик на заедницата) за VII одделение, согласно определбата на учениците за почетокот на изучувањето на албанскиот јазик.

Согласно со членот 5 став (1) од Законот за учебници во основно и средно образование за еден наставен предмет се одобрува еден учебник за употреба. 

Согласно член 54 став (4) од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.54/2015), кога постапката е поведена по службена должност, јавниот орган може да ја запре постапката. 

Имајќи во предвид дека тековната постапка за одобрување на учебникот за Албански јазик (јазик на заедницата) за VII одделение не е усогласена со насоките од Бирото за развој на образованието во дописот бр. 08-8/104 од 14.07.2026 година, Министерството за образование и наука – Педагошка служба одлучи како што е наведено во точка 1 од диспозитивот на ова решение со цел понатамошно постапување согласно законските прописи и насоките на надлежната институција. Сите останати постапки започнати со јавниот Конкурс продолжуваат да се спроведуваат.

ПРАВНА ПОУКА: Против оваа Одлука незадоволната странка може да поведе управен спор пред Управниот суд, во рок од 30 дена од денот на нејзиното објавување на веб страната на Министерството за образование и наука. 

 

Мени за пристапност