Врз основа на член 10 став 1 алинеја 7 од Законот за Педагошка служба („Службен весник на Република Македонија“ бр.18/2011, 41/2014, 55/2016 и 64/2018) и член 54 став (4)од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/15), директорот на Педагошката служба, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
1. СЕ ЗАПИРА постапката по Конкурсот за издавање на учeбници во основно образование бр.26-18/1 од 12.01.2026 година, за наставните предмети:
- Албански јазик (јазик на заедницата) (изборен предмет) за VII одделение во основно образование
- Јазик и култура на Турците (изборен предмет) за VI одделение во основно образование
- Јазик и култура на Турците (изборен предмет) за VII одделение во основно образование
- Јазик и култура на Турците (изборен предмет) за VIII одделение во основно образование
- Јазик и култура на Турците (изборен предмет) за IX одделение во основно образование
- Јазик и култура на Србите (изборен) за III одделение во основно образование
- Јазик и култура на Србите (изборен) за V одделение во основно образование
- Јазик и култура на Србите (изборен) за VI одделение во основно образование
- Јазик и култура на Србите (изборен) за VII одделение во основно образование
- Јазик и култура на Ромите (изборен) за VII одделение во основно образование
2. Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на неговото донесување.
3. Решението да се објави на ВЕБ страната на Министерството за образование и наука.
О б р а з л о ж е н и е
Министерството за образование и наука – Педагошка служба на ден 12.01.2026 година објави Конкурс за издавање на учебник во основно образование бр.26-18/1 од 12.01.2026 година на интернет страната на Министерството за образование и наука – Педагошка служба, за наставните предмети:
- Албански јазик (јазик на заедницата) (изборен предмет) за VII одделение во основно образование
- Јазик и култура на Турците (изборен предмет) за VI одделение во основно образование
- Јазик и култура на Турците (изборен предмет) за VII одделение во основно образование
- Јазик и култура на Турците (изборен предмет) за VIII одделение во основно образование
- Јазик и култура на Турците (изборен предмет) за IX одделение во основно образование
- Јазик и култура на Србите (изборен) за III одделение во основно образование
- Јазик и култура на Србите (изборен) за V одделение во основно образование
- Јазик и култура на Србите (изборен) за VI одделение во основно образование
- Јазик и култура на Србите (изборен) за VII одделение во основно образование
- Јазик и култура на Ромите (изборен) за VII одделение во основно образование
Согласно член 54 став (4) од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.54/2015), кога постапката е поведена по службена должност, јавниот орган може да ја запре постапката. Aко постапката во истата работа можела да биде поведена и по барање од странката, постапката ќе продолжи ако странката го бара тоа. Со оглед на фактот што постапката за издавање на учебници во деветгодишно основно образование започнува само по службена должност, со објавување на конкурс, а не може да биде поведена по барање на било кој друг во својство на странка, јавниот орган што ја повел може да ја запре во секој момент, без за тоа да треба да наведува било какво посебно образложение. Со запирање на постапката престануваат и се неважечки сите претходно преземени дејствија, со тоа што јавниот орган го задржува правото, согласно со посебниот закон од кој ја добива надлежноста да започне нова таква постапка по службена должност.
Имајќи го предвид сето горенаведено, а со оглед на тоа дека постапката по Конкурсот за издавање на учебник во деветгодишно основно образование бр.26 -18/1 од 12.01.2026 година се уште не е завршена, Министерството за образование – Педагошка служба одлучи дека е најцелисходно постапката да биде запрена, како што е наведено во диспозитивот на ова решение.
ПРАВНА ПОУКА: Против оваа Одлука незадоволната странка може да поведе управен спор пред Управниот суд, во рок од 30 дена од денот на нејзиното објавување на веб страната на Министерството за образование и наука.