Дритон Сулејмани
Заменик министер во Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија
Заменик министер во Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија
Дритон Сулејмани е роден на 28.07.1984 година во Скопје.
Основното училиште го завршил во ООУ “ Бајрам Шабани “ во Куманово, средно училиште завршил во гимназијата “ Гоце Делчев ” Куманово. Дипломирал на Универзитет на Југоисточна Европа, Тетово, Факултет за бизнис администрација, насока Маркетинг -менаџмент.
Јазици: мајчин јазик: албански, други јазици: македонски и англиски.
Работно искуство:
Октомври 2008 - Јули 2009 - „Едноставно биро” асистент во проектот за здравствени електронски картички
Ноември 2019 - Директор на Природонаучен музеј во Скопје
Ноември 2021 - Советник во Советот на Општина Куманово (претседател на комисијата за локален економски развој, член на комисијата за образованиеи култура, член на комисијата за комунални дејности)
Ноември 2009 – тековно - СУГС „Цветан Димов” - Скопје, професор по економски предмети
Невладини организации:
Декември 2004-2010 – активист на НВО „BESA 2003”, Куманово
Мај 2011 - Културното Здружение „Визиони - М”
Сертификати од семинари и обуки:
Јануари 2006 - обука: „Новинарство”, Попова Шапка, Тетово
Мај 2006 - семинар „Пронаоѓање на фондови за земјоделство во Европската унија”,
Брезовица, Косово
Јуни 2006 - семинар: „Техники за организирање и одржување на состаноци”, Куманово
Септември 2006 - Обука за маркетинг, Куманово
Октомври 2006 - семинар: „International Negotiation Simulation”, Универзитет на Југоисточна Европа, Тетово
Ноември 2006 - обука: „Стратешко планирање ” , Гилане, Косово, прв дел
Декември 2006 - обука: „Стратешко планирање” , Тетово, втор дел