Министерството за образование и наука информира дека Министерството за надворешни работи на Романија започна програма за стипендирање на странски државјани за академската 2026/2027 година.
Стипендиите ќе бидат наменети за странските државјани кои доаѓаат од земјите кои не се членки на ЕУ, за додипломски, магистерски и докторски студии од сите области, со исклучок на медицина, стоматологија и фармација.
Сите потребни информации за овие стипендии заинтересираните кандидати можат да ги најдат на официјалната веб-страница: https://studyinromania.gov.ro
Апликациите за овие стипендии се доставуваат во електронска форма, најдоцна до 31март 2026 година, на следнава веб-страница: https://scholarships.studyinromania.gov.ro