Министерството за образование и наука споделува информација дека Компанијата ОКТА објави повик за доделување стипендии за постдипломски студии во Македонија и странство за академската 2026/2027 година.
Апликациите се поднесуваат исклучиво онлајн, преку платформата: https://scholarships.helleniqenergy.gr/rnm, каде може да се најдат сите информации и критериуми поврзани со Програмата за стипендии за втор циклус на студии. Крајниот рок за поднесување на апликациите е 18 мај 2026 година.