Врз основа на Решението за исправка на Конкурсот за доделување на стипендии за студии од втор циклус во земјата за академската 2025/2026 година со број: 15-2987/1 од 18.02.2026 година, Министерството за образование и наука објавува
Исправка
на Конкурсот за доделување на стипендии за студии од втор циклус во земјата за академската 2025/2026 година
Во Конкурсот за доделување на стипендии за студии од втор циклус во земјата за академската 2025/2026 година, објавен на ден 09.12.2025 година, се врши следната ИСПРАВКА:
Во главата II, Потребни документи, во точката 2 зборовите, „Диплома за завршени академски студии од прв циклус и уверение за постигнат успех (заверени на нотар) или нострифицирана диплома за академски студии од прв циклус стекнати во странство“, се заменуваат со зборовите „Диплома за завршени академски студии од прв, или уверение за постигнат успех (заверени на нотар) или нострифицирана диплома за академски студии од прв циклус стекнати во странство“.
Во главата V. Начин и рок на пријавување зборовите: „Конкурсот ќе трае од денот на објавување заклучно со 20.02.2026 година“ се заменуваат со зборовите „Конкурсот ќе трае од денот на објавување заклучно со 02.03.2026 година“.
Оваа исправка е составен дел на Конкурсот за доделување на стипендии за студии од втор циклус во земјата за академската 2025/2026 година бр.15-15366/1 од 09.12.2025 година и има правно дејство од денот од кој има правно дејство Конкурсот на кој се врши исправката.
Министерство за образование и наука