Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Исправка на Конкурсот за доделување на стипендии за студии од трет циклус во земјата за академската 2025/2026 година

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Врз основа на Решението за исправка на Конкурсот за доделување на стипендии за студии од трет циклус во земјата за академската 2025/2026 година со број: 15-2987/1 од 18.02.2026 година,  Министерството за образование и наука објавува 

 

Исправка

на Конкурсот за доделување на стипендии за студии од трет циклус во земјата за академската 2025/2026 година

 

Во Конкурсот за доделување на стипендии за студии од трет циклус во земјата за академската 2025/2026 година, објавен на ден 09.12.2025 година, се врши следната ИСПРАВКА:

Во главата II, Потребни документи, во точката 2 зборовите, „Диплома за завршени академски студии од прв циклус и втор циклус и уверение за постигнат успех (заверени на нотар) или нострифицирана диплома за академски студии од втор циклус стекнати во странство“, се заменуваат со зборовите „Диплома за завршени академски студии од прв и втор циклус, или  уверение за постигнат успех (заверени на нотар) или нострифицирана диплома за академски студии од втор циклус стекнати во странство“.

Во главата V. Начин и рок на пријавување зборовите: „Конкурсот ќе трае од денот на објавување заклучно со 20.02.2026 година“ се заменуваат со зборовите „Конкурсот ќе трае од денот на објавување заклучно со 02.03.2026 година“.

Оваа исправка е составен дел на Конкурсот за доделување на стипендии за студии од трет циклус во земјата за академската 2025/2026 година бр.15-15366/1 од 09.12.2025 година и има правно дејство од денот од кој има правно дејство Конкурсот на кој се врши  исправката.

 

                                                                                                                                

                                                                     Министерство  за образование и наука

Мени за пристапност