Се известуваат сите корисници на правото на ученичка стипендија остварено во некоја од изминатите учебни години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, дека рокот за достава на документите до Министерството за образование и наука почнува од 1.9.2026 година и трае до 30.9.2026 година.
Корисникот на стипендија треба да достави Потврда за редовен ученик за учебната 2026/2027 година и последното свидетелство. Документите се доставуваат електронски со прикачување на http://e-uslugi.mon.gov.mk.
За било каква информација или прашање обратете се на електронската пошта ucenicki.stipendii@mon.gov.mk.