Врз основа член 54 став 1 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 248/20, 302/20 и 235/24), Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици/ запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2025/2026 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 140/25) и Решението за распишување Конкурс за доделување 150 (сто и педесет) стипендии за ученици кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2025/2026 година бр. 19-10570/1 од 25.07.2025 година, министерството за образование и наука распишува
К О Н К У Р С
за доделување 150 (сто и педесет) стипендии за ученици кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2025/2026 година
Министерството за образование и наука ќе додели 150 (сто и педесет) стипендии за ученици кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2025/2026 година.
I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат учениците кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија и ги исполнуваат следните услови:
1- Да се редовни ученици од средно образование кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта во Република Северна Македонија;
2- Да имаат постигнато минимум континуиран успех од 3.00 во досегашното образование;
3- Да не повторувале година во текот на образованието;
4- Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
5- Да се државјани на Република Северна Македонија.
Критериум за доделување на стипендиите e постигнат успех.
II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Учениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk од 01.10.2025 до 15.10.2025 година.
Потребни документи кои се потребни за прикачување на апликацијата се следните:
1. Потврда дека кандидатот е редовен ученик во учебната 2025/2026 година (во потврдата да биде наведено дека ученикот посетува настава со тригодишно траење на образованието);
2. Свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение); (да се прикачуваат оригинални свидетелства)
6. Трансакциска сметка на име на ученикот.
Министерството за образование и наука по службен пат ќе го обезбеди следниот документ:
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.
Доколку има повеќе кандидати со ист број на бодови, предност имаат кандидатите запишани во повисока година.
Доколку од вкупниот број на пристигнати апликации постои родов јаз, односно од вкупно пријавените кандидати бројот на женски кандидатки е помал од 40%, во финалното бодување на женските кандидатки кои исполнуваат услови ќе им се даде дополнителен бод.
Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е некомплетна и доколку не е доставена преку http://e-uslugi.mon.gov.mk.
Списокот со избраните кандидати ќе биде објавен на http://e-uslugi.mon.gov.mk во делот „Новости“ најдоцна до 17.11.2025 година, а сите кандидати ќе добијат решенија во врска со статусот на поднесените апликации на своите електронски профили на http://e-uslugi.mon.gov.mk .
Учениците кои ќе бидат незадоволни од резултатите од конкурсот имаат право на жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен. За малолетните ученици, жалбата треба да биде доставена преку нивниот законски застапник, во спротивно истата ќе се смета за неуредна.
III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА
Висината на стипендијата ќе изнесува 3.500,00 денари месечно и ќе се исплатува во траење од девет (9) месеци во годината за времетраењето на учебната 2025/2026 година.