Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Повторен конкурс за сместување во студентски домови каде има слободни места

Министерството за образование и наука известува дека од денес е отворена можноста за пријавување на студенти за сместување во студентски домови каде останаа слободни места по завршувањето на првиот конкурс:

1.ДСД Кочо Рацин - Битола

2.ДСД Томе Стефановски - Сениќ  - Скопје

3.ДСД Никола Карев - Охрид

4.ДСД Oрде Чопела - Прилеп

5.ПСД Хилјадников - Штип

 

Сите заинтересирани студенти можат да аплицираат најдоцна до крајот на тековниот месец. Критериумите и условите за аплицирање се идентични како и при првото пријавување, а можат да се погледнат на следниот линк.

Мени за пристапност