Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (JRC) нуди платенa научнa пракса за научни практиканти. За практикантствата што почнуваат во март 2026 година, JRC овозможува учество на околу педесет (50) научни практиканти, во различни тематски области релевантни за организацијата.
Тематските области вклучуваат земјоделство и безбедност на храната, здравство, индустрија и вселена, енергија, природни ресурси, мобилност, креативност и инклузивно општество, граѓанска безбедност за општеството, животна средина и климатски промени, нуклеарна безбедност и сигурност, управување со кризи, динамика на населението и миграција, дигитална трансформација и податоци, сајбер безбедност, вештачка интелигенција, како и иновации и раст.
Подетални информации, описи на проекти како и релевантни профили на кандидати се достапни во Анекс I во линкот за апликација
Местото на пракса може да биде едно од следниве локации на JRC: Гел (Белгија), Испра (Италија), Карлсруе (Германија), Петен (Холандија) или Севиља (Шпанија).
Се охрабруваат сите истражувачи од Македонија кои исполнуваат критериуми според повикот, да се пријават на Отворениот повик за платена пракса.