Министерството за образование и наука Ве информира дека согласно член 24-а став 16 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 42/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16, 67/17 и 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 229/20, 78/25, 132/25 и 250/25), за освоено прво место на натпревар на државно ниво на ученикот и неговиот наставник или прво место на натпревар на државно ниво од група ученици им се доделува парична награда.
Висината на паричната награда е во износ најмногу до 50% од просечната нето плата исплатена по работник во Републиката во последниот месец пред доделувањето на наградата.
Висината на паричната награда за групата ученици е во износ најмногу до една и половина просечна нето плата исплатена по работник во Републиката во последниот месец пред доделувањето на наградата и се исплаќа на начин што наградата се дели на сите ученици во групата во подеднаков износ, а на наставникот во износ најмногу до 50% од просечната нето плата исплатена по работник во Републиката во последниот месец пред доделувањето на наградата.
Натпреварот треба да биде организиран од акредитирано здружение на наставници.
Барањата од ученикот/учениците, односно од неговиот/нивниот наставник се доставуваат до Министерството најдоцна до 31 декември во тековната година кога е организаран натпреварот.
Напомена: Ученикот може да аплицира за парична награда само со еден наставник, наставникот кој му предава предметот на ученикот или доколку освоеното место е од група на ученици, наставникот кој ги подготвувал учениците.
Ученикот, заедно со наставникот кој го подготвувал за натпреварот, треба да достави електронска Пријава на порталот: http://e-uslugi.mon.gov.mk со која во прилог ги доставува и следните документи:
-Диплома за освоено прво место на државен натпревар организиран од акредитирано здружение на наставници за ученикот;
- диплома, пофалница, односно сертификат за освоено прво место на државен натпревар организиран од акредитирано здружение за наставник;
-Трансакциска сметка за ученикот (трансакциската сметка да биде на име на ученик, а не на име на родител);
-Трансакциска сметка за наставникот;
Напомена: Доколку освоеното прво место на натпревар на државно ниво е од група ученици, сите аплицираат поединечно со нивниот наставник.