Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавен повик за доделување на парична награда за освоено прво, второ или трето место, односно освоен златен, сребрен или бронзен медал на меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните науки во учебната 2025/2026 година

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Врз основа на член 24-б точка 5 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/199, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/208, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 42/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16, 67/17 и 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 229/20, 78/25, 132/25 и 250/25), Министерството за образование и наука објавува

 

 

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување на парична награда за освоено прво, второ или трето место, односно освоен златен, сребрен или бронзен медал, на ученикот, наставникот кој му го предава предметот и на менторот кој го подготвувал ученикот за меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните науки

во учебната 2025/2026 година

 

 

 

1. Услови за учество

 

На Јавниот повик за доделување на парична награда за освоено прво, второ или трето место, односно освоен златен, сребрен или бронзен медал, на ученикот, наставникот кој му го предава предметот и на менторот кој го подготвувал ученикот за меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните науки, може да се пријават:

-ученик - државјанин на Република Северна Македонија, запишан во средно училиште на територијата на Република Северна Македонија;

- наставник - државјанин на Република Северна Македонија, вработен во средно училиште на територијата на Република Северна Македонија, кој му го предава предметот на ученикот;

 - ментор - државјанин на Република Северна Македонија, кој го подготвувал ученикот за меѓународен натпревар;

кои освоиле прво, второ или трето место, односно освоен златен, сребрен или бронзен медал на меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните науки, одржан во учебната 2025/2026 година.

 

Под меѓународен натпревар се подразбира натпревар на кој учествуваат ученици од најмалку десет различни држави и се врши рангирање на најдобрите ученици од сите земји кои учествуваат.

 

2. Начин и рок на пријавување

 

Ученикот, наставникот од средното училиште кој му го предава предметот и менторот кој го подготвувал ученикот за меѓународниот натпревар, пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат следната документација:

 

Потребни документи:

-        Потврда од акредитираното здружение на наставници за организирање на натпревари дека менторот го подготвувал ученикот за меѓународен натпревар;

-        Диплома, пофалница, односно сертификат за освоено прво, второ или трето место, односно освоен златен, сребрен или бронзен медал на меѓународен натпревар од областа на математиката, информатика и природните науки одржан во учебната 2025/2026 година, за ученикот, наставникот и менторот;

-        Трансакциска сметка на ученикот, наставникот и менторот;

-        Доказ со кој ќе се потврди дека натпреварот е меѓународен од областа на математиката, информатика и природните науки на кој учествувале ученици од најмалку десет различни држави;

-        Конечна ранг листа со постигнатите резултати од организаторот на меѓународниот натпревар;

-        Изјава потпишана од директорот на училиштето дека наставникот му го предава предметот на ученикот;

-        Изјава потпишана од родител/старател на ученикот дека менторот го подготвувал ученикот за меѓународен натпревар;

-        Изјава потпишана од родител/старател за согласност за обработка на личните податоци на ученикот;

-        Изјава потпишана од наставникот за согласност за обработка на личните податоци и

-        Изјава потпишана од менторот за согласност за обработка на личните податоци.

 

Доколку наставникот односно менторот кој го подготвувал ученикот заради неприсуство на меѓународниот натпревар нема диплома или друг документ со кој ќе потврди дека е освоен златен, сребрен или бронзен медал на меѓународен натпревар), како доказ се смета потврдата од алинеја 1 и изјавите од алинеите 6 и 7 од оваа точка.

 

 

3. Доделување на награди

 

Министерството, за освоено прво, второ или трето место, односно освоен златен, сребрен или бронзен медал, на ученикот, наставникот кој му го предава предметот и на менторот кој го подготвувал ученикот за меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните науки (во натамошниот текст; меѓународниот натпревар), поединечно им доделува парична награда во износ до 100% за освоено прво место/златен медал, до 80% за освоено второ место/сребрен медал и до 60% за освоено трето место/бронзен медал од просечната нето-плата исплатена по работник во Републиката во претходната година.

Поднесувањето на електронската пријава  за доделување на парична награда за освоено прво, второ или трето место, односно освоен златен, сребрен или бронзен медал на меѓународен натпревар од областа на математиката, информатика и природните науки, на ученикот, наставникот кој му го предава предметот и на менторот кој го подготвувал ученикот за натпреварот од средното образование за учебната 2025/2026 година, ја исклучува можноста од истовремено поднесување на барање за доделување на парична награда за освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 15 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad) во средното образование за учебната 2025/2026 година, доколку барањата се однесуваат за истата освоена меѓународна награда.       .         

Исто така, Министерството за образование и наука не доделува парична награда за освоено прво, второ или трето место, односно освоен златен, сребрен или бронзен медал на меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните науки, на ученикот, на наставникот кој му го предава предметот и на менторот кој го подготвувал ученикот за натпреварот од средното образование, доколку меѓународниот натпревар е организиран преку on-line платформа, доколку наградата претставува дел од проект и доколку наградата е освоена како резултат на тимски натпревар.

Појаснување: Ученикот, наставникот и менторот кој го подготвувал ученикот за учество на меѓународен натпревар може да добијат парична награда само доколку биде приложена диплома, сертификат или друг документ кој е стекнат врз основа на индивидуалните постигнувања на ученикот.

          Кандидатите пополнуваат електронска пријава на електронскиот портал http://e-uslugi.mon.gov.mk најдоцна до 30.09.2026 година.

Некомплетните електронски пријави нема да се разгледуваат од страна на Министерството за образование и наука.

Мени за пристапност