Министерството за образование и наука Ве информира дека согласно член 44 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/19 , 229/20, 3/25, 74/25 и 250/25 ) за освоено прво место на натпревар на државно ниво на ученикот и неговиот наставник им се доделува парична награда.
Натпреварот треба да биде организиран од акредитирано здружение на наставници.
Барањата од ученикот, односно од неговиот наставник за исплата на парична награда за освоено прво место на натпревар на државно ниво во учебна година, се доставуваат до Министерството најдоцна до 31 декември во тековната година кога е организаран натпреварот.
Ученикот, заедно со наставникот кој го подготвувал за натпреварот, треба да достави електронска Пријава на порталот: http://e-uslugi.mon.gov.mk со која во прилог ги доставува и следните документи:
- Потврда за ученикот дека е редовен ученик во основно училиште;
- Потврда за наставникот дека е вработен во основно училиште;
- Диплома за освоено прво место на државен натпревар организиран од акредитирано здружение на наставници за ученикот;
- Сертификат за освоено прво место на државен натпревар организиран од акредитирано здружение на наставници за наставникот;
- Трансакциска сметка за ученикот (трансакциската сметка да биде на име на ученик не на родител);
- Трансакциска сметка за наставникот;
- Изјава за согласност за обработка на лични податоци потпишана со цело име и презиме од наставникот
Напомена: Доколку освоеното прво место на натпревар на државно ниво е од група ученици, наставникот аплицира за сите ученици од групата.