Врз основа на член 24 од Законот за студентскиот стандард („Службен весник на Република Македонија“ број 15/13, 120/13, 41/14, 146/15, 30/16, 178/16, 64/18 и 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 124/19, 248/20, 302/20, 235/24 и 111/26), Министерството за образование и наука распишува:
Конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2026/2027 година
I.1. Во студиската 2026/2027 година во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија ќе се примат редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во Република Северна Македонија и тоа:
|
Реден број |
СТУДЕНТСКИ ДОМ |
МЕСТО |
Број на легла за студенти од I година |
Број на легла за студенти од II, III, IV, V и VI год. и апсолвенти |
ВКУПЕН БРОЈ НА ЛЕГЛА |
Тип на дом |
|
1 |
ДСД СКОПЈЕ (ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ) |
Скопје |
244 |
972 |
1216 |
Тип 2 |
|
2 |
СТИВ НАУМОВ ЗГРАДИ |
Скопје |
202 |
812 |
1014 |
Тип 1 |
|
3 |
СТИВ НАУМОВ- БАРАКИ |
Скопје |
27 |
111 |
138 |
Тип 2 |
|
4 |
ДСД КОЧО РАЦИН |
Битола |
77 |
308 |
385 |
Тип 2 |
|
5 |
ДСД НИКОЛА КАРЕВ (локација Одморалиште на МВР – Охрид) |
Охрид |
21 |
81 |
102 |
Тип 2 |
|
6 |
ДСД БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ (локација поранешен приватен студентски дом „ОАЗА“) |
Штип |
47 |
189 |
236 |
Тип 2 |
|
7 |
ДСД ТЕТОВО |
Тетово |
59 |
236 |
295 |
Тип 2 |
|
8 |
ПСД ХИЛЈАДНИКОВ |
Штип |
12 |
48 |
60 |
Приватен |
|
9 |
ПСД ЛОГОС |
Штип |
10 |
42 |
52 |
Приватен |
|
|
ВКУПНО: |
|
699 |
2799 |
3498 |
|
I.2. Распределбата на вкупниот број на расположливи места во домовите се врши на следниот начин:
а) прва група – 40% од вкупниот број на расположливите места во домовите се за студенти за кои вкупните приходи по член во семејството се до нето минималната плата утврдена во Република Северна Македонија, и тоа за студенти:
- деца без родители и родителска грижа,
- деца со посебни потреби,
- деца на корисници на социјална парична помош и постојана парична помош,
- деца на самохран родител,
- деца на невработени родители и
- деца на корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини.
б) Во првата група спаѓаат и студенти за кои вкупните приходи по член во семејството се над нето минималната плата утврдена во Република Северна Македонија и тоа за студенти:
- деца без родители и родителска грижа,
- деца со посебни потреби,
- деца на самохран родител,
- деца на невработени родители
- деца на корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини.
в) Втора група – 25% од вкупниот број на расположливите места во домовите се за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето.
г) Трета група – 35% од вкупниот број на расположливите места во домовите се за редовни студенти запишани на прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовните установи во Република Северна Македонија кои не припаѓаат во групите од точките а), б) и в) на оваа точка.
I.3. Од вкупниот број расположливи места во студентските домови, 20% се обезбедуваат за студенти кои за првпат ќе бидат запишани на прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија.
II. УСЛОВИ ЗА ПРИЕМ
II.1. Право на прием имаат редовни студенти кои се државјани на Република Северна Македонија и се школуваат надвор од местото на живеење, а кои се запишани на додипломски студии со траење:
- редовни студенти запишани по прв пат на додипломски судии од прв циклус;
- редовни студенти запишани на факултети кои имаат помалку од осум семестри, а не повторувале студиска година;
- редовни студенти запишани на факултети кои имаат осум семестри, а не повторувале повеќе од една студиска година;
- редовни студенти запишани на факултети кои имаат над осум семестри, а не повторувале повеќе од две студиски години;
II.2. Право на прием во државните студентски домови имаат и редовни студенти кои се запишани на јавните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија, а се избрани со конкурси, одлуки, решенија, договори и сл. и тоа: владини стипендисти-студенти со македонско потекло, студенти од странство кои студираат на универзитетите и високообразовните установи во Република Северна Македонија, студенти согласно програмата ЦЕЕПУС, студенти според билатерални договори и слично.
II.3. Немаат право на прием студентите:
1. кои го нарушиле куќниот ред во домот и за што им е изречена воспитна мерка забрана за користење на услугите на домот, за време определено во изречената воспитна мерка, и истите не конкурираат на Конкурсот за кој било од домовите.
2. запишани по вторпат како апсолвенти,
3. кои не ги подмириле обврските за сместување кон домовите повеќе од еден месец, и истите не конкурираат на Конкурсот за кој било од домовите
4. запишани на постдипломски студии.
II.4. На студентите кај кои Комисијата за прием ќе констатира злоупотреба на добиеното легло, истото ќе им биде одземено и доделено на студент од листата на чекање за соодветниот дом.
II. 5 Доколку студентот не избере алтернативен дом кој ќе му биде понуден во моментот на пополнување на апликацијата на електронскиот систем (односно ја избере опцијата „Не сакам алтернативен дом“), тоа значи дека се откажува од сместување во студентски дом, доколку не биде рангиран во првичниот дом за кој аплицирал.
III. НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Студентите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на интернет порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk. Студентите може да конкурираат за прием само за еден студентски дом. Рокот за пријавување на студентите од II година и повисоките години почнува од 15.07.2026 година и трае до 31.07.2026 година. Рокот за пријавување на студентите од I година почнува од 14.09.2026 година и трае до 20.09.2026 година. Доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови остануваат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавување ќе продолжи се до пополнување на истите, но најдоцна до 30.11.2026 година.
IV. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ ЗА СМЕСТУВАЊЕ
IV.1. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
Студентите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на интернет порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk и тоа:
1. Потврда за редовност во текот на студиите;
2. Уверение со бројот на (предвидени и) положени испити од претходните години издадено од високобразовната установа;
3. Заверен образец „УППИ” (образец на МОН кој го пополнува и заверува факултетот);4. Студентите запишани за првпат во I година, потребно е да прикачат копија од дипломата за завршено средно образование и потврда за запишани редовни студии (или друг документ со кој ќе потврдат дека се примени на факултет);
5. Изјава за семејната положба на студентот, односно неговото потесно семејство;
6. Кандидатите-студенти без родители и родителска грижа (да имаат потврда од надлежен Центар за социјални грижи, потврда од домот каде што се згрижени или друга соодветна документација со која ќе докажат дека се деца без родители) и студенти кои се категоризирани како лица со посебни потреби (да имаат наод и мислење за видот и степенот на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа) со кој ќе го докажат нивниот статус;
8. Изјава за идентичност на податоците;
10. Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за месец jуни 2026 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата (за родителите-старатели вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите-старатели вработени во приватни фирми да се достави потврда за плата како и заверена декларација за прием на платата); за пензионираните членови на семејството да се достави документ за висина на пензија-чек; за разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход, за корисниците на социјална помош да се прикачи последното решение или последен чек, за инвалидитет да се прикачи лекарска белешка, додека за членовите на потесното семејство (браќа/сестри на кандидатот), кои се ученици/студенти, се прикачува потврда од училиштето, односно факултетот или друга институција;
11. Министерството за образование и наука по службен пат, согласно потпишани договори за соработка, ќе ги обезбеди следните документи:
- Уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители- старатели на кандидатот поединечно и за самиот кандидат;
- Потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок невработените членови на потесното семејство од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија;
- Извод на родени за брат/сестра под 6 годишна возраст, како и извод на умрените за починат родител од Управата за водење на матични книги;
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.
Кандидатите сo некомплетна документација нема да бидат рангирани.
IV.2. НАЧИН НА ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ
Студентите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на интернет порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk.
Кандидатите-студенти без родители и родителска грижа и студенти кои се лица со посебни потреби ги прикачуваат документите под реден број 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и 9.
Горенаведените документи се прикачуваат електронски и тоа почнувајќи од 15.07.2026 година до 31.07.2026 година, додека студентите од I година документите ги прикачуваат почнувајќи од 14.09.2026 година до 20.09.2026 година.
Кандидатите сo некомплетна документација нема да бидат рангирани.
V. НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ПРИЕМ НА СТУДЕНТИ
V.1. Начинот и постапката за прием на студентите во студентските домови и други сместувачки капацитети, како и условите за сместување и исхрана се регулираат согласно Законот за студентскиот стандард и Правилникот за начинот на прием на студентите во државните студентски домови. Во согласност со правилникот за прием на студентите, успехот од средното образование, успехот во текот на студирањето, редовноста во студирањето и семејно-материјалната положба на студентите се основните елементи за рангирање и прием на студентите во студентските домови.
V.2. Конечниот список за прием на студентите од II година и повисоките години ќе се објави на огласните табли во студентските домови каде конкурирал студентот и на веб страницата на Министерството најдоцна до 14.09.2026 г. Приговорот по резултатите се доставува во самиот дом каде што студентот аплицирал и тоа во рок од 10 дена од денот на објавувањето на резултатите.
V.3. Конечниот список за прием на студенти од I година ќе биде објавен најдоцна до 30.09.2026 година на огласните табели во студентскиот дом каде што конкурирал студентот и на веб-страницата на Министерството. Приговор по однос на резултатите се доставуваат во самиот дом каде што аплицирал студентот во рок од 10 дена од денот на објавувањето на резултатите.
V.4. Ако бројот на студенти кои ги исполнуваат условите согласно утврдените групи во глава I.2 од овој Конкурс е помал од предвидениот број на легла, слободните места ќе се пополнуваат по редослед со студенти кои ги исполнуваат условите од другите групи.
V.5. Доколку се обезбедени соодветни услови, слободните места во студентските домови ќе може да се пополнат со ученици, согласно условите од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Северна Македонија за учебната 2026/2027 година.
VI. РОКОВИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ
Студентот се вселува во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој е примен, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список
VII. ТИПОВИ НА ДОМОВИ И ПАРТИЦИПАЦИЈА
Тип 1 – енергетски ефикасен студентски дом: дом кој ги исполнува нормативите и стандардите од членот 12 став (3) од Законот за студентскиот стандард, на кој е извршена реконструкција и ги исполнува минималните барања за енергетската ефикасност од Правилникот за енергетски карактеристики на зградите.
Тип 2 – постоечки студентски дом: дом кој ги исполнува нормативите и стандардите од членот 12 став (3) од Законот за студентскиот стандард, согласно со Правилникот за нормативите и стандардите за опрема, простор и кадар во студентските домови.
Министерството за студентите кои се сместени во државен студентски дом од Тип 1 партиципира во цената за сместување и исхрана до 40% (4400 денари) од утврдената цена, која изнесува 11000 денари, а разликата до вкупната цена ја доплаќа студентот (6600 денари), додека за студентите кои се сместени во државен студентски дом од Тип 2 Министерството партиципира во цената за сместување и исхрана до 50% (3410 денари) од утврдената цена од 6820 ден.
Министерството за студентите кои се сместени во приватен студентски дом, а со кој Министерството има склучено договор за сместување на студенти, партиципира во цената за сместување и исхрана до 50% (3410 денари) од утврдената цена од 6820 денари.