Во согласност со член 42 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ брoj 44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008, 92/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015, 30/2016, 127/2016, 67/2017 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ брoj 229/2020, 78/25, 132/25, 250/25), Законот за стручно образование и обука („Службен весник на Република Северна Македонија“ брoj 3/25 и 74/25), Законот за спортска академија („Службен весник на Република Македонија“ брoj 115/2014, 129/2015, 146/2015, 30/2016 и 142/2016 и 64/2018) и Законот за Математичко - информатичка гимназија („Службен весник на Република Македонија“ брoj 64/2018), Закон за средно полициско училиште („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 258/25 и 79/26), Министерството за образование и наука врши изменување и дополнување на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2026/2027 година во Република Северна Македонија, во делот на број на ученици и тоа:
1. Под реден број 7. ДРЖАВНО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ БИТОЛА зборовите
„Во прва година ќе се запишат 68 ученици во 2 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за:
Уметничко образование - музичка уметност - 68 ученици, 2 паралелки
- музичар изведувач мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 60 поени минимум
- музичар теоретичар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 60 поени минимум“, се заменуваат со зборовите: „Во прва година ќе се запишат 34 ученици во 1 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за:
Уметничко образование - музичка уметност - 34 ученици, 1 паралелки
- музичар изведувач/музичар теоретичар/традиционален играч-пејач
мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 60 поени минимум“