Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Конкурс за финансирање на заеднички научно-истражувачки проекти помеѓу Република Северна Македонија и Република Австрија за периодот  2026 - 2028 година

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Врз основа на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Австрија за научна и технолошка соработка од 01 ноември 2008 година, Протоколот од Заедничката австриско -македонска комисија за научна и технолошка соработка од 22 декември 2023 година, Правилникот за начинот и постапката за финансирање на научно-истражувачки проекти и програми („Службен весник на Република Македонијабр. 82/09, 149/09,34/11 и 129/13) и Решението за објавување на Конкурс за финансирање на заеднички научно-истражувачки проекти помеѓу Република Северна Македонија и Република Австрија за периодот 2026 - 2028 година бр. 20-12314/1 од  18.09.2025 година, Министерството за образование и наука распишува

 

 

К О Н К У Р С
за
финансирање на заеднички научно-истражувачки проекти помеѓу

Република Северна Македонија и Република Австрија
за периодот  202
6 - 2028 година

Рок за поднесување на предлог научно-истражувачки проекти: од 22 септември до 11 ноември 2025 година 

Право на конкурирање на Конкурсот

Државни и приватни универзитети - научни институти и факултети, јавни научни установи, мешовити научни установи и приватни научни установи.

Носител на научно-истражувачкиот проект

Државни и приватни универзитети - научни институти и факултети, јавни научни установи, мешовити научни установи и приватни научни установи.

Услови за учество на Конкурсот

·        Проектниот тим на научно-истражувачкиот проект треба да е составен од главен истражувач, со научно односно наставно-научно звање кој е вработен во установата  - носител на проектот и најмалку уште еден истражувач со научно или наставно-научно звање, евидентирани во базите на податоци за научни истражувачи на Министерството за образование и наука, како и најмалку два млади истражувачи, од кои еден е студент на втор или трет циклус на студии;

·        Еден истражувач може истовремено да биде главен истражувач на само еден домашен и на само еден меѓународен научно-истражувачки проект, финансиран/кофинансиран од страна на Министерството за образование и наука.

·        Само нови научно-истражувачки проекти/партнерства, со различна содржина на проектот, може да бидат поддржани со оваа програма (главните истражувачи на билатерални проекти кои веќе биле финансиски поддржани со оваа програма, нема повторно да бидат финансиски поддржани);

·        Страната партнер на научно-истражувачкиот проект (во својство на испраќач) ги покрива трошоците за патување, сместување и храна на својот проектен тим на истражувачи.

Научно-истражувачки области

Сите научно-истражувачки области, со приоритет на домените од областа на Стратегијата за паметна специјализација и тоа:

1.       Паметно земјоделство и храна со повисока додадена вредност;

2.      Информациски и комуникациски технологии (ИКТ);

3.       Електро-машинска индустрија - Индустрија 4.0;

4.      Одржливи материјали и паметни згради;

5.       Eнергија на иднината и

6.      Tуризам

Времетраење на реализацијата на научно-истражувачките проекти

 Од 1 јули 2026 до 1 јули 2028 година

Краен рок за поднесување на предлог научно-истражувачките проекти

11 ноември 2025 година

Буџет и начин на финансирање на прифатените научно-истражувачки проекти

За реализација на поединечен научно-истражувачки проект, Министерството за образование и наука обезбедува финансиска поддршка најмногу до 600.000 денари за времетраење на проектот од 2 (две) години, почнувајќи од 01 јули 2026 година до 01 јули 2028 година.

 

Финансирањето на поединечниот научно-истражувачки проект ќе се одвива според динамика и фазите на самиот проект, согласно проектната соработка.

 

Одобрените научно-истражувачки проекти ќе бидат финансирани во зависност од расположивите средства во Буџетот на Министерство за образование и наука за 2026 година, предвидени за ова намена, се до исцрпување на средствата.

Поднесување на предлог научно-истражувачките проекти

Предлог научно-истражувачките проекти се поднесуваат во електронска форма.

 

Носителите на научно-истражувачкиот проект пополнуваат електронска Пријава за финансирање на заеднички научно-истражувачки проекти на порталот e-uslugi.mon.gov.mk и ги прикачуваат потребните документи согласно Конкурсот за заеднички  научно-истражувачки проекти помеѓу Република Северна Македонија и Република Австрија:

1.       Научно-истражувачки проект;  

2.      Application Form for Call for Proposals – EN;

3.       Изјава за согласност на член од проектниот тим за учество во предложениот научно-истражувачки проект;

4.      Изјава за согласност на установата - носител на научно-истражувачкиот проект (Ректор/Декан/Директор на институт) за прифаќање на условите на Конкурсот

 

Подетални информации може да се добијат во Министерството за образование и наука на тел: 02 3140 185 или на e-mail: andrea.aleksovski@mon.gov.mk

Kритериуми за оценување на предлог научно-истражувачките проекти

Доставените предлог научно-истражувачки проекти, во рамките на роковите предвидени во Конкурсот, ќе се рецензираат од независни рецензенти (секој самостоен проект се рецензира од најмалку двајца независни рецензенти), врз основа на следните критериуми содржани во оценувачкиот лист за рецензенти:

Ø  придонес во продлабочување и проширување на научните знаења;

Ø  оригиналност на целите и содржината на истражувањето;

Ø  детално разработени цели и активности од проектот, со јасни и мерливи индикатори, детално разработен финансиски план за потребните средства за реализација на проектот и оправданост и реалност на трошоците во предложениот финансиски план потребни за реализација на проектот, усогласеност на планот на активности со финансиски план;

Ø  компетентност на главниот истражувач и предложениот истражувачки тим;

Ø  придонес во вклученост и оспособување на млади научно-истражувачки кадри;

Ø  релевантност на истражувањето во однос на утврдените цели и конкурентност на проектот за меѓународна соработка, особено за истражувачките програми на ЕУ;

Ø  релевантност за примена на резултатите во практиката, исполнетост на материјално технички и други инфраструктурни услови за реализација на проектот;

Ø  остварливост на предлог-проектот (веројатност во постигнување на очекуваните резултати во реална временска рамка).

Секој од наведените критериуми за оценување, независните рецензенти го вреднуваат со оценка од 1 (најмала вредност) до 5 (најголема вредност). Проектот е позитивно оценет доколку добил средна оценка најмалку 3,5.

Носителот на научно-истражувачкиот проект ќе биде известен за резултатите од конкурсот по состанокот на заедничката македонскo- австриска комисија.

Завршен извештај за реализираниот научно-истражувачки проект

Завршниот извештај треба да се поднесе во рок од три месеци од датумот на завршувањето на проектот.

Оценување на резултатите од научно-истражувачкиот проект

Оценувањето на остварените резултати од научно-истражувачкиот проект го прават најмалку двајца рецензенти, од кои еден е рецензентот кој го бодувал предлог научно-истражувачкиот проект. Во случај на спреченост на рецензентот кој го бодувал предлог научно-истражувачкиот проект, се избира нов рецензент.

 

 

Адреса на институцијата во Република Северна Македонија за поднесување на предлозите

 

Адреса на институцијата во Република Австрија за поднесување на предлозите

Министерство за образование и наука

Сектор за меѓународна соработка

 

Андреа Алексовски

yл. „Св. Кирил и Методиј “бр. 54

1000 Скопје

Тел: 02 3140 185

E-mail: andrea.aleksovski@mon.gov.mk       

Website: www.mon.gov.mk

OeAD - Austria's Agency for Education and Internationalisation

Ms. Isabella Scheibelreiter
Ebendorferstraße 7
A-1010 Vienna
Tel.
+43 (0)1/ 53408-472
Email:
wtz@oead.at

Website: www.oead.at/wtz

     

 

1.       Научно-истражувачки проект;  

2.      Application Form for Call for Proposals – EN

3.       Изјава за согласност на член од проектниот тим за учество во предложениот научно-истражувачки проект;

4.      Изјава за согласност на установата - носител на научно-истражувачкиот проект (Ректор/Декан/Директор на институт) за прифаќање на условите на Конкурсот

 

Мени за пристапност