Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавен повик за покривање на трошоците за котизација и пат за учество на еден меѓународен натпревар во текот на 2026 година од областа на математиката, информатиката и природните науки (основно образование)

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Врз основа на член 45 став (6) од Законот за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/19, 229/20, 3/25 ,74/25 и 250/25) и Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за покривање на трошоците за котизација и пат за учество на еден меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните науки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 49/20), Министерството за образование и наука објавува

Ј А В Е Н  П О В И К

за покривање на трошоците за котизација и пат за учество на еден меѓународен натпревар во текот на 2026 година од областа на математиката, информатиката и природните науки

1. Услов за учество

На Јавниот повик за покривање на трошоците за котизација и пат за учество на еден меѓународен натпревар во текот на 2026 година од областа на математиката, информатиката и природните науки може да поднесат барање акредитирани здруженија на наставници за организирање на натпреварите на учениците од основните училишта од страна на Министерството за образование и наука.

Под меѓународен натпревар се подразбира натпревар на кој учествуваат ученици од најмалку десет различни држави, на кој се споредуваат знаењата помеѓу учениците од различните држави и се врши рангирање на најдобрите ученици од сите земји кои учествуваат на меѓународниот натпревар.

Министерството за образование и наука за 2026 година ќе ги покрие трошоците за учество (котизација и пат) на еден меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните наука, за најмногу шест ученици и најмногу три ментори, чија бројка зависи од правилата на организаторите на меѓународниот натпревар, како и во

согласност со расположивите средства во Буџетот на Министерството за образование и наука.

2. Начин, потребна документација и рок на пријавување

Акредитираното здружение на наставници најдоцна до 31.10.2026 година треба да достави електронска Пријава на порталот: http://e-uslugi.mon.gov.mk со која во прилог ги доставува и следните документи:

- Решение за акредитација на здружението на наставници за организирање на натпревари за општинско, регионално и државно ниво,

- Известување за извршен избор на учениците кои ќе учествуваат на меѓународниот натпревар и податоци за истите,

- Известување за ментори на учениците кои ќе учествуваат на меѓународниот натпревар и податоци за истите,

- Известување од организаторот на меѓународен натпревар за висината на котизацијата за учество на натпреварот,

- Пресметка за висината на патните трошоци и

- Доказ (потврда, покана, електронски сајт и друго) за правилата на организаторите на меѓународниот натпревар каде се наведени правилата за учество на меѓународниот натпревар, меѓу кои и податокот за бројот на учесници на секоја делегација.

Мени за пристапност