Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ЈАВЕН ПОВИК за доставување барања за одобрување учебник по странски јазик за IX одделение на деветгодишно основно образование

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Врз основа на член 18 од Законот за учебници во основно и средно образование  („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.3/25 и 74/25) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - Педагошка служба, објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

за доставување барања за одобрување учебник по странски јазик за IX одделение на деветгодишно основно образование

 

I.Предмет на јавниот повик:

Доставување барања за одобрување учебник по странски јазик во основно образование, за наставниот предмет:

· Француски јазик (втор странски јазик) за IX одделение на деветгодишно основно образование

Барање за одобрување учебник по странски јазик може да поднесе издавач од друга држава во која е регистриран за издавачка дејност, преку законски застапник во Република Северна Македонија, со најмногу еден учебник за горенаведениот наставен предмет.

II. Елементи на јавниот повик:

Законскиот застапник на странскиот издавач до Педагошката служба, задолжително доставува:

1. Барање за одобрување учебник по странски јазик;

2. Назив на странскиот издавач и законскиот застапник на странскиот издавач;

3. Доказ за регистрирана издавачка дејност на законскиот застапник на странскиот издавач од Централен регистар на Република Северна Македонија, не постар од три месеци;

4. Изјава од странскиот издавач дека е регистриран за издавачка дејност заверена на нотар и преведена од овластен судски преведувач;

5. Ако земјата во која е регистриран странскиот издавач не ги издава документите утврдени во овој јавен повик Педагошката служба прифаќа изјава што странскиот издавач ја заверува кај надлежен орган во државата во која е регистриран;

6. Овластување за застапништво на законскиот застапник во Република Северна Македонија од странскиот издавач, заверено на нотар и преведено од овластен судски преведувач;

7. Договор склучен во државата на странскиот издавач, помеѓу овластениот законски застапник и странскиот издавач дека одобрениот учебник ќе го обезбеди и дистрибуира до важноста на решението од Членот 19 став (10) од Законот за учебници во основно и средно образование, заверен на нотар и преведен од овластен судски преведувач;

8. Пет примероци од учебникот по странски јазик, во печатена форма и еден примерок во електронска форма, без дополнителни работни материјали.

9. Изјава од издавачот дека е согласен целокупната документација да биде јавно објавена согласно со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Целокупната документација од оваа точка издавачите треба да ја достават и во електронска форма (ЦД или УСБ) стик, кој ќе биде ставен во затвореното плико.

Обврските на законскиот застапник на странскиот издавач се утврдени во член 21 од Законот за учебници во основно и средно образование.

III. Рок за  доставување на барањата  за одобрување учебник по странски јазик:

Рокот за доставување на барањата за одобрување учебник по странски јазик е заклучно со  25.12.2025 година.

Заинтересираните издавачи може да ја превземат наставната програми и Концепцијата за изработка на учебникот од веб страната на Бирото за развој на образованието www.bro.gov.mk.

Барањата кои нема да бидат доставени во утврдениот рок и кои нема да достават комплетна документација согласно јавниот повик нема да бидат разгледувани.

Барањaта за одобрување учебник по странски јазик да се достават на следната адреса:

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - ПЕДАГОШКА СЛУЖБА ул. ,,Св.Кирил и Методиј“ бр.54, Скопје.

Мени за пристапност