Врз основа на член 24-а од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 37/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 118/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16, 67/17, 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 229/20, 78/25, 132/25 и 250/25) и член 6 став 2 од Правилникот за начинот и поблиските критериуми на организирање и изведување на натпреварите на учениците по одделни предмети на општинско, регионално и државно ниво во средното образование бр.13-15652/1 од 15.12.2025 година и бр.13-4446/1 од 17.03.2026 година, Министерството за образование и наука објавува
Ј А В Е Н П О В И К
за акредитација на здруженија на наставници за организирање на натпревари на учениците по одделни предмети во средното образование
Министерството за образование и наука објавува Јавен повик за акредитација на здруженија на наставници за организирање на натпревари на учениците по одделни предмети во средното образование.
На овој Јавен повик право на учество имаат здруженијата на наставници кои се регистрирани како здруженија најмалку три години до денот кога поднесуваат пријава за организирање на натпреварите и кои ќе обезбедат организирање на натпревари на целата територија на Република Северна Македонија на сите наставни јазици.
Со поднесувањето на барањето за акредитација на здруженија на наставници за организирање на натпревари на учениците во средното образование, здруженијата на наставници треба да достават:
1.Документ за регистрирана дејност од Централен регистар на Република Северна Македонија
2.Тековна состојба на здружението на наставници издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија;
3.Биланс на состојба и биланс на успех на здружението на наставници издадени од Централен регистар на Република Северна Македонија;
4.Статут на здружението на наставници;
5.Правилник за организирање на натпреварите на здружението на наставници;
6.Тригодишен календар за спроведување на натпреварите за учениците во средните училишта во кои ќе бидат содржани наставните предмети, временскиот период за реализација на натпреварите и одговорните наставници кои ќе бидат вклучени во организацијата и реализацијата на натпреварите.
Доколку на Јавниот повик се пријават две или повеќе здруженија кои ги исполнуваат условите согласно член 24-а од Законот за средното образование, Комисијата за акредитација на здруженија на наставници одлучува врз основа на дополнителен критериум, и тоа:
-во последните пет (5) години здружението на наставници има освоено места, награди или медали на меѓународни натпревари и меѓународни научни олимпијади, на кои учествувало со сопствена екипа или каде водачи биле членови на здружението (доказ: фотокопии од дипломи/сертификати за освоени места/награди на учениците и сертификати за учество на водачите).
За организирање на натпреварите се акредитира по едно здружение на наставници или сојуз на здруженија по одделен наставен предмет, односно област за период од три учебни години. За прва учебна година од периодот за кој се издава акредитацијата се смета учебната година во која е издадено решението за акредитација и наредните две учебни години.
Акредитираните здруженија на наставници, односно сојузи на здруженија, со правилник за организирање на натпреварите ќе го уредат начинот на организација на натпреварите и натпреварите на учениците треба да ги организираат преку наставници што изведуваат настава по одделен наставен предмет, сроден предмет или област, како и да обезбедат организирање на натпреварите на целата територија на Република Северна Македонија на сите наставни јазици, со исклучок на натпреварите по македонски јазик и литература, албански јазик и литература, турски јазик и литература, српски јазик и литература и странските јазици.
Акредитираното здружение на наставници на својата интернет страница секоја година јавно ги објавува прашањата, зададените задачи и/или темите кои се користеле при одржаните натпревари на ученици на општинско, регионално и државно ниво од претходната година кои треба да бидат преведени на сите наставни јазици.
Здружението на наставници, односно сојузот на здруженија може да издаде само една диплома за освоено прво, второ или трето место на ученик кој учествувал на државен натпревар по одделен наставен предмет, сроден предмет или област, неговиот наставник сертификат, а за останатите учесници може да издаде диплома за освоена прва, втора или трета награда и потврда/пофалница за учество на натпреварот.
Право на учество на Јавниот повик имаат здруженија на наставници и сојузи на здруженија на наставници за следните:
Општообразовни наставни предмети за гимназиско и стручно образование:
-Македонски јазик и литература
-Англиски јазик
-Албански јазик и литература
-Турски јазик и литература
-Руски јазик
-Српски јазик и литература
-Германски јазик
-Француски јазик
-Италијански јазик
-Математика
-Физика
-Хемија
-Биологија
-Историја
-Географија
-Граѓанско образование
-Бизнис и претприемништво
-Бизнис
-Спорт и спортски активности -Ликовна уметност
-Музичка уметност/култура -Педагогија -Психологија -Вовед во право -Менаџмент -Логика -Етика -Економија
Стручни предмети од следните сектори:
-Земјоделство, рибарство и ветеринарство
-Хемија и технологија
-Електротехника и информатички технологии
-Сообраќај, транспорт и складирање
-Машинство
-Градежништво и геодезија -Геологија, рударство и металургија
-Графичарство -Економија, право и трговија
-Здравство и социјална заштита -Лични и други услуги -Текстил, кожа и слични производи -Угостителство и туризам
-Шумарство и обработка на дрво
-Спорт и рекреација
-Уметност-музичка уметност
- Уметност-балетска уметност
Заинтересираните здруженија чија документација ќе биде некомплетна или ненавремено доставена нема да бидат земени во предвид во процесот на понатамошно разгледување и акредитирање.
Потребната документација се доставува во рок од 15 дена од денот на објавувањето на овој Јавен повик преку електронска Пријава на порталот: http://e-uslugi.mon.gov.mk.