Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19, 110/19, 154/19 и 121/24), а согласно член 4 од Правилникoт за начинот и постапката за финансирање на научно – истражувачките проекти односно програми („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/09, 149/09, 34/11 и 129/13), Конкурсот бр.15-6443/2 од 07.05.2025 година за финансирање на научно - истражувачки проекти од посебен научен и јавен интерес за 2025 година (поддршка на соработката помеѓу академскиот и бизнис секторот во рамки на паметната специјализација) и Договорите за доделување на средства за финансирање на научно - истражувачкиот проект од посебен и јавен интерес за 2025 година (поддршка на соработка помеѓу академскиот и бизнис секторот во рамки на паметната специјализација), склучени помеѓу Министерство за образование и наука и носителите на прифатените проекти, по објавениот Конкурс за финансирање на научно - истражувачки проекти од посебен научен и јавен интерес за 2025 година (поддршка на соработката помеѓу академскиот и бизнис секторот во рамки на паметната специјализација) и Решението бр. 20-14383/1 од 18.11.2026 година за објавување на Јавен оглас за избор на експерти - рецензенти кои ќе ги оценуваат резултатите (Завршниот извештај за работата на проектот) на прифатените научно-истражувачките проекти, по објавениот Конкурс за финансирање на научно - истражувачки проекти од посебен научен и јавен интерес за 2025 година (поддршка на соработката помеѓу академскиот и бизнис секторот во рамки на паметната специјализација), министерката за образование и наука распишува
ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на експерти - рецензенти кои ќе ги оценуваат резултатите (Завршниот извештај за работата на проектот) на прифатените научно-истражувачките проекти, по објавениот Конкурс за финансирање на научно - истражувачки проекти од посебен научен и јавен интерес за 2025 година (поддршка на соработката помеѓу академскиот и бизнис секторот во рамки на паметната специјализација)
Министерството за образование и наука, од пријавените кандидати, ќе изврши избор на експерти - рецензенти кои ќе ги оценуваат резултатите (Завршниот извештај за работата на проектот) на прифатените научно-истражувачките проекти, по објавениот Конкурс за финансирање на научно - истражувачки проекти од посебен научен и јавен интерес за 2025 година (поддршка на соработката помеѓу академскиот и бизнис секторот во рамки на паметната специјализација).
Експертите - рецензенти треба да бидат со научно, односно наставно – научно звање, од научно – истражувачко подрачје, поле, односно област на истражување од проектот.
Пријавените експерти - рецензенти треба да бидат од следниве научно-истражувачки области, од Класификацијата на научно-истражувачките подрачја и полиња, според Меѓународната Фраскатиева класификација и Уредбата за утврдување на Научно – истражувачките полиња од трето ниво (области) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 91/2024), и тоа:
- 2.01.01.01 Анализа на конструкции и материјали,
- 2.01.01.04 Земјотресно инженерство,
Право на пријавување на Јавен оглас имаат и експерти - рецензенти кои се од научно-истражувачко подрачје или поле на кои им припаѓа некоја од погоре наведените научно-истражувачки области. Доколку нема пријавени експерти - рецензенти од погоре наведените научно-истражувачки области, ќе може да се изберат рецензенти од научно-истражувачко поле на кое му припаѓа некоја од погоре наведените научно-истражувачки области, а доколку нема пријавени експерти - рецензенти од соодветно научно-истражувачко поле, ќе може да се изберат експерти - рецензенти од научно-истражувачко подрачје на кое му припаѓа некоја од погоре наведените научно-истражувачки области. Предност ќе имаат експертите - рецензентите кои имаат меѓународно искуство и научни трудови објавени во последните пет (5) години, пред објавување на повторениот Јавен оглас за рецензенти, во списание со фактор на влијание, реферирани во базите на Thomson Reuters или Scopus.
Избраните експерти - рецензенти, Завршните извештаји ќе ги оценуваат врз основа на следните компоненти:
-Придонес во продлабочувањето на научните знаења;
-Оригиналноста на целите и содржините на истражувањето;
-Детално изработени цели и активности од проектот, со јасни и мерливи индикатори, детално разработен финансиски план за потребните средства за реализација на проектот и оправданост и реалност на трошоците во предложениот финансиски план потребни за реализација на проектот, усогласеност на планот на активности со финансискиот план;
-
Компетентност на главниот истражувач и компетентност и оригиналност на истражувачкиот тим;
-
Придонес во оспособувањето на млади истражувачи;
-
Релевантност на истражувањето во однос на утврдените цели, усогласеност на целите и предметот на истражување со целта и условите на овој Конкурс;
-
Конкуретност за меѓународна соработка;
-
Остварливост на предлог – проектот (веројатност во постигнување на очекуваните резултати и можности за примена на резултатите во реална временска рамка).
Секој од наведените оценувачки критериуми, експертите – рецензенти ги вреднуваат со оценка од еден (1) (најмала вредност) до пет (5) (најголема вредност). Завршниот извештај за работата на проектот се смета за позитивно оценет доколку добил средна оценка најмалку три запирка пет (3,5).
Министерство за образование и наука, врз основа на оценките на експертите – рецензентите, ке донесе конечна одлука дали Завршниот извештај доставен од страна на носителот на прифатениот научно – истражувачки проект е оценет позитивно или не.
Висината на средствата за надомест за работата на експертите – рецензентите изнесува 6.000 денари, во вкупен нето износ, по рецензиран проект.
Кандидатите за експерти - рецензенти пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација, утврдена во овој Јавен оглас за избор на експерти - рецензенти, на интернет платформата https://e-uslugi.mon.gov.mk, и тоа:
- Кратка биографија - СV (Општи податоци за кариерен развој, учество на конференции и други настани од научен карактер, меѓународно искуство во делот на истражување, евулуација на проекти, објавени трудови во научни списание во државата и пошироко и сл.);
- Доказ дека има стекнато научно или наставно – научно звање (одлука за избор во звање);
- Доказ дека има повеќе од 7 години работно искуство од областа (потврда од установат за работниот однос или сл.);
- Изјава од експерт – рецензент за согласност за обработка на лични податоци;
Во постапката за оценување, експертите - рецензентите треба да се придржуваат кон професионалните и етичките норми (објективност, непристрасност и одбегнување на судир на интереси).
Некомплетни или ненавремено доставени електронски пријави нема да бидат разгледувани.
Краен рок за доставување на електронската пријава, со прикачената соодветна документација на интернет платформата https://e-uslugi.mon.gov.mk е 30.11.2026 година (понеделник).