Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавен оглас за избор на рецензенти кои ќе ги евалуираат реализираните проекти по објавениот Конкурс за распределба на средства за финансирање на научно-истражувачки проекти на Јавните научни установи за 2025 година

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Врз основа на член 50 од Законот за научно-истражувачка дејност дејност („Службен весник на РМ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15,154/15, 30/16 и 53/16) и (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 257/20, 163/21, 64/24, 235/24 и 144/25), член 3 од Правилникот за начинот и постапката за финансирање на научно-истражувачки проекти односно програми („Службен весник на РМ“ бр. 82/09, 149/09, 34/11 и 129/13), и Решението за објавување на Јавен оглас за избор на рецензенти бр. 15-14337/2 од 19.11.2026 година, Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, распишува:

 

ЈАВЕН ОГЛАС

за избор на рецензенти кои ќе ги евалуираат реализираните проекти по објавениот Конкурс за распределба на средства за финансирање на научно-истражувачки проекти на Јавните научни установи за 2025 година

 

Министерството за образование и наука од пријавените кандидати ќе изврши избор на рецензенти, кои ќе ги евалуираат реализираните проекти по Конкурсот за распределба на средства за финансирање на научно-истражувачки проекти на Јавните научни установи за 2025 година.

Рецензентите треба да бидат од редот на врвни познати и признати истражувачи со научно, односно наставно-научно звање од соодветното научно поле и научно подрачје на истражување и да имаат најмалку 7 години работно искуство во областа. Предност ќе имаат рецезенти кои имаат меѓународно искуство.

Рецензентите треба да бидат од следните научни полиња, односно научни подрачја на истражување:

 

1. Историја

2. Археологија

3. Јазик и книжевност

4. Филозофија, етика и религија

5. Уметности (Историја на уметност, уметности)

6. Фолклористика, етнологија и антропологија,

7. Биологија и хидробиологија

8. Биодиверзитет

9. Екологија, лимнологија

10. Архитектура

11. Право

 

Избраните рецензенти, проекти ќе ги оценуваат врз основа на следните компоненти:

- исполнетоста на условите/обврските од согласноста од точка 3.4 од Конкурсот и исполнетоста на дадените податоци и информации од пријавата за критериумите по кои се извршило оценувањето (бодирањето),

- научен карактер на финалната студија,

- реализираност на предложените цели на проектот,

- употреба на предложената методологија,

- релевантност на добиените резултати,

- вклученост на предложениот тим,

- трошење на средствата според одобрениот буџет и финансискиот и наративниот извештај.

 

Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:

 

- доказ дека имаат повеќе од 7 години работно искуство од областа односно доказ за работа со меѓународни проекти

- изјава од рецензентот дека нема судир на интереси, нема личен интерес, нема да се стекне со материјална или нематеријална корист за него и за негови блиски лица како резултат на неговото учество во објавениот конкурс. 

- изјава од рецензентот за користење на лични податоци

 

Во постапката за оценување рецензентите треба да се придржуваат кон професионалните и етичките норми (објективност, непристрасност и одбегнување на конфликт на интереси).

Пријавата за рецензент, се пополнува во електронска форма на порталот e-uslugi.mon.gov.mk:

Краен рок за доставување на пријавите е 04.12.2026 ( 23:59 часот)

Некомплетни или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани.

 

Министерство за образование и наука

Мени за пристапност