Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавен оглас за избор на рецензенти кои ќе ги евалуираат реализираните проекти по објавениот Конкурс за финансирање на научно-истражувачки проекти на државните универзитети-факултети/научни институти/МАНУ за 2025 година

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Врз основа на член 50 од Законот за научно-истражувачка дејност дејност („Службен весник на РМ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15,154/15, 30/16 и 53/16) и (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 257/20, 163/21 64/24, 235/24 и 144/25) и член 3 од Правилникот за начинот и постапката за финансирање на научно-истражувачки проекти односно програми („Службен весник на РМ” бр. 82/09, 149/09, 34/11 и 129/13) и Решението за објавување на Јавен оглас за избор на рецензенти бр. 15-14379/2 од 19.11.2026 година, Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, распишува

 

ЈАВЕН ОГЛАС

за избор на рецензенти кои ќе ги евалуираат реализираните проекти по објавениот Конкурс за финансирање на научно-истражувачки проекти на државните универзитети-факултети/научни институти/МАНУ за 2025 година

 

Министерството за образование и наука од пријавените кандидати ќе изврши избор на рецензенти, кои ќе ги евалуираат реализираните проекти по Конкурсот за финансирање на научно -истражувачки проекти на државните универзитети-факултети/научни институти/МАНУ за 2025 година.

Рецензентите треба да бидат од редот на врвни познати и признати истражувачи со научно, односно наставно-научно звање од соодветното научно поле и научно подрачје на истражување и да имаат најмалку 7 години работно искуство во областа. Предност ќе имаат рецезенти кои имаат меѓународно искуство.

Рецензентите треба да бидат од следните научни полиња, научни подрачја и научни области на истражување:

 

1. Природно-математички науки

2. Техничко-технолошки науки:

3. Медицински науки и здравство:

4. Биотехнички науки:

5. Општествени науки:

6. Хуманистички науки:

 

Како и од следните области од Стратегијата за паметна специјализација во насока на дигитална и зелена транзиција:

 

- Паметно земјоделство и храна со повисока додадена вредност;

- Информациски и комуникациски технологии (ИКТ);

- Електро-машинска индустрија-Индустрија 4.0;

- Одржливи материјали и паметни згради;

- Енергија и

- Туризам

 

Избраните рецензенти, проекти ќе ги евалуираат врз основа на следните компоненти:

 

- исполнетоста на условите/обврските од согласноста од точка 3 од Конкурсот и исполнетоста на дадените податоци и информации од пријавата за критериумите по кои се извршило оценувањето (бодирањето),

- научен карактер на финалната студија,

- реализираност на предложените цели на проектот,

- употреба на предложената методологија,

- релевантност на добиените резултати,

- вклученост на предложениот тим,

- трошење на средствата според одобрениот буџет и финансискиот и наративниот извештај.

 

Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:

 

- доказ дека имаат повеќе од 7 години работно искуство од областа односно доказ за работа со меѓународни проекти (одлука за избор во звање, потврда од институцијата за работниот однос или сл.)

- изјава од рецензентот дека нема судир на интереси, нема личен интерес, нема да се стекне со материјална или нематеријална корист за него и за негови блиски лица како резултат на неговото учество во објавениот конкурс.

- изјава од рецензентот за користење на лични податоци.

 

Во постапката за оценување рецензентите треба да се придржуваат кон професионалните и етичките норми (објективност, непристрасност и одбегнување на конфликт на интереси).

Пријавата за рецензент, се пополнува во електронска форма на порталот e-uslugi.mon.gov.mk

Краен рок за доставување на пријавите е 04.12.2026 ( 00:00 часот)

Некомплетни или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани.

 

Министерство за образование и наука

Мени за пристапност