Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Конкурс за дополнување на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2026/2027 година во Република Северна Македонија

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Во согласност со член 42 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ брoj 44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008, 92/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015, 30/2016, 127/2016, 67/2017 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ брoj 229/2020, 78/25, 132/25 и 250/25), Законот за стручно образование и обука („Службен весник на Република Северна Македонија“ брoj 3/25, 74/25 и 111/26), Законот за спортска академија („Службен весник на Република Македонија“ брoj 115/2014, 129/2015, 146/2015, 30/2016 и 142/2016 и 64/2018) и Законот за Математичко - информатичка гимназија („Службен весник на Република Македонија“ брoj 64/2018), Закон за средно полициско училиште („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 258/25 и 79/26), Министерството за образование и наука врши дополнување на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2026/2027 година во Република Северна Македонија, во делот на услови за запишување и критериуми за избор на учениците и тоа:

 

Глава II – Услови за запишување и критериуми за избор на учениците

Се дополнува со нов став кој гласи:

„Ученичките можат да се запишат во државно средно училиште – Регионален центар за стручно образование и обука доколку имаат до 10% помалку поени од минималниот број поени утврден со Конкурсот за запишување ученици во соодветните наставни планови и програми и доколку ги исполнуваат дополнителните критериуми, односно успешно го положат испитот за проверка на знаења и вештини што се спроведува во соодветното училиште.

Оваа афирмативна мерка се применува при запишувањето и рангирањето на учениците за упис во прва година средно образование.“

Мени за пристапност