Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Повик за искажување на јавен интерес за формирање на авторски тимови за изработка на ракописи за учебници основно образование

Повик за искажување на јавен интерес за формирање на авторски тимови за изработка на ракописи за учебници основно образование

 

Врз основа на член 17-а став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование  („Службен весник на РМ„   бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - Педагошка служба, објавува

 

 

ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС

за формирање на авторски тимови за изработка на ракописи за учебници основно образование

 

 

Авторските тимови ќе се формираат за следните наставни предмети:

 

Јазик и култура на Ромите (изборен) за VII одделение на деветгодишното основно образование

Јазик и култура на Ромите (изборен) за VIII одделение на деветгодишното основно образование

Јазик и култура на Ромите (изборен) за IХ одделение на деветгодишното основно образование

 

 

 

Заинтересираните авторски тимови потребно е да достават пријава за авторски тим  до архивата на Педагошката служба –ул.„Св.Кирил и Методиј„ 54- Скопје, заклучно со  09.04.2021 година. (линк до пријава).

 

 

Кон пријавата авторите од авторскиот тим задолжително треба да достават:

-       уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (авторите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија),

-       изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование

 

Министерството за образование и наука  известува дека ќе склучи договори само со авторските тимови чии ракописи за учебници се одобрени со одлука на Националната комисија за учебници за основно и средно образование.

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar