Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Чивнинг стипендии на британската влада

Чивнинг стипендии на британската влада

 

Во периодот од 3 септември до 3 ноември 2020 година, Чивнинг Секретаријатот прифаќа апликации за стипендии за учебната 2021/2022 година. Пријавувањето е на www.chevening.org/apply.


Чивнинг стипендиите им се доделуваат на лица кои ќе покажат посветеност и вештини потребни за создавање позитивни промени и притоа ќе покажат како магистратурата во Обединетото Кралство им помогнала во тоа. Стипендијата овозможува целосна финансиска поддршка за идните лидери да се образуваат на едно годишни магистерски студии на кој било британски универзитети видава можност да се стекнете со ексклузивни академски, професионални и културолошки искуства.

 

Откако програмата беше креирана во 1983 година, преку 50,000 професионалци ја добија можноста да се развиваат во Обединетото Кралство преку Чивнинг. За учебната година 2021/2022 на глобално ниво ќе се доделат над 1500 Чивнинг стипендии, покажувајќи ја посветеноста на Владата на Обединетото Кралство во креирање на идни лидери.

Изјава на Наоми Рејнер, Одговорен за стипендии во Британското Министерството за надворешни работи, комонвелт и развој:

Оваа година повеќе од било кога, видовме како глобалните предизвици бараат иновации, силни лидерски и интернационални соработки. Чивнинг се стреми да изгради интернационална заедница на луѓе посветени на овие вредности, кои се стремат за позитивни промени. Ние ги зближуваме овие неверојатни лица од целиот свет и им овозможуваме по пат на  едукација да ги остварат своите цели.

 

Во Обединетото Кралство сме горди на нашите светски признаени универзитети и знаеме дека нашата научна средина е збогатена со различни култури, искуства и гледишта преставени во нашите кампуси. Чивнинг стипендистите даваат значаен придонес во овие заедници, а понатаму стануваат важен дел од Алумни мрежата која брои преку 50,000 членови.

 

Чивнинг го претставува најдоброто од Обединетото Кралство, прифаќајќи луѓе од целиот свет да студираат,да се развиваат и растат.Да си дел од Чивнинг мрежата дава силно чувство на гордост и одговорност. Јас сум постојано инспирирана од страста и посветеноста на Чивнинг заедницата и ги очекувам со нетрпение новите апликации за оваа година.’

 

Изјава на Миранда Томас, Директор на Чивнинг секретаријатот:

 

Чивнинг искуството е многу повеќе од магистратура. Како академски предизвик и исполнето универзитетско искуство, така и сплотувањето во британската култура заедно со  вашите Чивнинг соученици.  

Ние организираме ексклузивна програма на настани и активности, за да се запознаете со британското наследство и историја, дискутираме на тема меѓународна политика и имаме интеракција со лидери на бројни академски, културни и социјални настани. Претходно, стипендистите имаа можност да ја посетат резиденцијата на Британскиот премиер на 10 Даунинг, да се искачат на планината Сноудон во Велс, да посетат изложби во галерии во Лондон,да го посетат ББС и да седнат во гардеробата во Анфилд.

Вие ќе научите многу од интеракцијата со луѓе од целиот свет, патувајќи низ Британија и  по пат на инволвирање во заедниците во кои сте. Од вас ќе се очекува да превземете контрола врз вашето студирање,демонстрирајќи независно мислење и откривање на нови искуства.Оние кој ќе добијат најмногу од Чивнинг се оние кои ќе се вложат најмногу.

Вашата стипендија ќе трае една година, но ќе бидете дел од Чивнинг заедницата доживотно. Се надеваме дека ќе си заминете од Британија инспирирани, мотивирани и спремни да ги преточите своите идеи во реалност.’

Изјава на Рејчел Галовеј, Британската амбасадорка во Република Северна Македонија:

Ако си некој кој е страствен да направи промена, било на локално или на глобално ниво,ако сакаш да бидеш најдобар во она што го правиш и ако имаш имагинација да ги инспирираш и другите, тогаш Чивнинг стипендијата може да биде одлична можност за тебе.

Не постои типиченстудент. Твојата возраст, раса, пол, религија и културолошка позадина не ни е важна. Сакаме да видиме дека имаш енергија, љубопитност, јасна визија за својата иднина и можност за остварување на твоите цели. Ако ова звучи како твој опис, тогаш постои голема веројатност да станеш дел од Алумни заедницата која брои преку 50,000 членови ширум светот.

Нашата Алумни мрежа е полна со динамични инфлуенсери кои го споделуваат искуството што вие ќе го доживеете. Тие ќе овозможат охрабрување, менторство, совети и контакти.Кога ќе се вратите дома после студиите ќе се чувствувате подготвени да направите вистинска разлика професионално или социјално.

Голема е придобивката од поднесувањето на апликацијата, затоа ако го поседуваш она што треба за да бидеш Чивнинг стипендист, ве охрабрувам да аплицирате пред крајниот рок 3 Ноември.

 

Дополнителни информации:

За детални информации и критериумите за аплицирање посетете ја www.chevening.org/scholarships.

 

Информација за уредниците:

 

Чивнинг стипендиите се дел од глобалната програма на Британската влада за стипендирање финансирана од Министерството за надворешни работи, Комонвелт и развој. Стипендиите поддржуваат студирање на британски универзитет за едногодишни магистерски студии и индивидуалци кои покажуваат потенцијал да станат идни лидери, носители на одлуки, и креатори на мислење.

 

Чивнинг програмата постои од 1983 година и низ годините се разви во престижна меѓународна програма. Чивнинг стипендистите се од над 160 земји и територии во светот. На глобално ниво има над 50 000 стипендисти, влијателна и ценета мрежа.

 

Името „Чивнинг“ доаѓа од Чивнинг резиденцијата во Севеноукс, Кент – која моментално е заедничка официјална резиденција на британскиот министер за надворешни работи.


Повеќе информации на www.chevening.org

[ петок, 09 октомври 2020 ] [ 3022 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar