Врз основа на член 15 од Законот за учебници во основно и средно образование („Службен весник на Република Северна Македонија“бр. 3/25) и Правилникот за начинот на запишување во базата на рецензенти и начинот на работа на рецензентите („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 13/25), Министерството за образование и наука- Педагошка служба објавува
ПОВИК ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО БАЗА НА РЕЦЕЗЕНТИ
Министерство за образование и наука - Педагошка служба, согласно Законот за учебници во основно и средно образование води база на рецезенти. Согласно Правилникот за начинот на запишување во базата на рецезенти и начинот на работа на рецезенти е утврден начинот на запишување во електронската база за рецензенти за ракописи на учебници и учебници по странски јазици.
Заинтересираните лица потребно е да ги исполнуваат следните услови:
- да се наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку десет години работно искуство;
- да се наставници од основно, односно средно училиште соодветни за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку десет години работно искуство во настава;
- за наставните предмети јазик и култура на српската, бошњачката, влашката, турската односно ромската заедница, како и за предметите кои за првпат се воведуваат во наставата, можат да се пријават и лица со завршено најмалку високообразование од областа на која припаѓа наставниот предмет за кој е наменет учебникот и кои имаат најмалку пет години работно искуство како наставник или соработник во високотоо бразование;
- за наставните предмети јазик и култура на српската, бошњачката, влашката, турската и ромската заедница, како и за предметите кои за првпат се воведуваат во наставата, можат да се пријават и лица со завршено најмалку високо образование од областа на која припаѓа наставниот предмет за кој е наменет учебник и кои имаат најмалку пет години работно искуство како наставник во основно или средно образование;
Заинтересираните лица кон пријавата за запишување во електронската база за рецензенти за ракописи на учебници и учебници по странски јазици, задолжително треба да прикачат:
- уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или копија заверена со нотарски печат (заинтересираните лица кои имаат завршено образование во странство должни се дадостават решение за признавање на странска високообразовна квалификација, издадена од Министерството за образование и наука);
- доколку името и презимето се разликуваат од името и презимето наведени во уверението или дипломата за завршено образование се приложува доказ за истоветноста на податоците;
- потврда за работен стаж издадена од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија;
- изјава дека ги исполнуваат условите од член 15 од Законот за учебници во основно и средно образование („Службен весник на Република Северна Македонија“бр. 3/25) и
- согласност за обработка на лични податоци.
Пријавата се пополнува електронски на порталот e-uslugi.mon.gov.mk