Министерството за образование и наука известува дека од денес е отворена можноста за пријавување на студенти за сместување во студентски домови каде останаа слободни места по завршувањето на првиот конкурс:
1.ДСД Кочо Рацин - Битола
2.ДСД Томе Стефановски - Сениќ - Скопје
3.ДСД Никола Карев - Охрид
4.ДСД Oрде Чопела - Прилеп
5.ПСД Хилјадников - Штип
Сите заинтересирани студенти можат да аплицираат најдоцна до крајот на тековниот месец. Критериумите и условите за аплицирање се идентични како и при првото пријавување, а можат да се погледнат на следниот линк.