ДСУ „Спортска академија“ - Скопје започнува потрага по спортски таленти во Република Северна Македонија, коишто ќе бидат дел од училиштето во паралелките за фудбал, ракомет, кошарка и тенис за учебната 2024/2025 година, кои освен во Скопје, предвидени се и како паралелки во состав на јавните средни училишта кои се надвор од седиштето, во следните општини:
-СОУ „Кузман Шапкарев” – Битола, фудбал,
-СОУ „Перо Наков” – Куманово, кошарка,
-ДСУ РЦСОО „Ванчо Питошески“- Охрид – фудбал,
-СОУ Гимназија „Мирче Ацев” – Прилеп, фудбал,
-ДСУ РЦСОО „Никола Карев” – Струмица, фудбал,
-СОУ„Кирил Пејчиновиќ“– Тетово, фудбал,
-СОУ „Кочо Рацин” – Велес, фудбал,
-СОУ „Гостивар” – Гостивар, фудбал и
-СОУ „Коле Нехтенин” – Штип, фудбал.
Целта на ДСУ „Спортска академија“ - Скопје е учениците, спортски таленти да се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да станат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис. Учениците ќе бидат подложени на посебна, специјално за оваа намена креирана програма за образование и тренинг. За работа со учениците ќе бидат ангажирани стручни тимови составени од тренер и негов заменик и физиотерапевт. Кандидатите за упис во прва година во средното училиште ќе бидат селектирани од стручна комисија.
Селекцијата ќе се одвива во фази, и тоа:
- Скаутирање од стручни лица лица
- Селекција од стручен тим
- Тестирање на психофизичките способности од страна на стручна комисија.
На учениците кои ќе бидат примени, а кои не се од регионот каде што ќе ја посетуваат наставата, ќе им биде обезбедено сместување и храна, а превозот до училиштето и до спортските терени ќе биде обезбеден за сите ученици, во согласност со закон.
Листата на локации и датуми на кои ќе се врши првичната селекција од конкретната Спортска федерација е следната:
ЗА СПОРТСКИТЕ ПАРАЛЕЛКИ ПО РАКОМЕТ
Прв термин за селекција
Скопје
Датум: 20.05.2024 година (понеделник)
Место: Спортска сала на „Народни херои“ (сала при ФФОСЗ) - Скопје на ул. Димче Мирчев бр.3
Почеток: 09:00 часот
Втор термин за селекција
Скопје
Датум: 27.05.2024 година (понеделник)
Место: Спортска сала на „Народни херои“ (сала при ФФОСЗ) - Скопје на ул.Димче Мирчев бр.3
Почеток: 09:00 часот
Одговорнo лицe: Милева Велкова
*Кандидатите се пријавуваат на самото место на селекција половина час пред почетокот на селекцијата.
*Сите заинтересирани кандидати треба да приложат потврда за извршен лекарски преглед од овластена установа за спортска медицина.
ЗА СПОРТСКИТЕ ПАРАЛЕЛКИ ЗА КОШАРКА
Прв термин за селекција
Скопје
Датум: 11.05.2024 година (сабота)
Место: Спортска сала „Кале“ (голема сала) Скопје
Почеток: 11:00 часот
Втор термин за селекција
Скопје
Датум: 22.05.2024 година (среда)
Место: Спортска сала „Кале“ (голема сала) Скопје
Почеток: 12:00 часот
Куманово
Датум: 17.05.2024 година (петок)
Место: СОУ „Перо Наков“ Куманово (училишна сала)
Почеток: 11:00 часот
Одговорно лице: Небојша Ѓуковиќ
*Кандидатите се пријавуваат на самото место на селекција половина час пред почетокот на селекцијата.
*Сите заинтересирани кандидати треба да приложат потврда за извршен лекарски преглед од овластена установа за спортска медицина.
ЗА СПОРТСКИТЕ ПАРАЛЕЛКИ ПО ТЕНИС
Скопје
Датум: 10.05.2024 година (петок)
Место: Тениско игралиште Поинтер Скопје
Почеток: 10:00 часот
Втор термин за селекција
Скопје
Датум: 17.05.2024 година (петок)
Mесто: Тениско игралиште Поинтер Скопје
Почеток: 10:00 часот
Одговорно лице: Глигор Санев 075/351-118
ЗА СПОРТСКИТЕ ПАРАЛЕЛКИ ПО ФУДБАЛ
Тетово
Датум: 13.05.2024 (Понеделник)
Место: Терен со вештачка трева на Општина Тетово
Почеток: 09:00 часот
Информации кај регионалните координатори: Борче Мирчески 075/334-224 (за паралелка на македонски јазик) и Фисник Хисени 070/769-466 (за паралелка на албански јазик)
Гостивар (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Кичево)
Датум: 13.05.2024 (понеделник)
Место: Терен со вештачка трева на Општина Гостивар
Почеток: 12.00 часот
Информации кај регионалниот координатор: Менсур Јакупи 075/300-400
Охрид (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Струга и Дебар)
Датум:13.05.2024 (понеделник)
Место: Терен со вештачка трева - Билјанини Извори - Охрид
Почеток:15.00 часот
Информации кај регионалниот координатор: Гоце Толески 078/208-604
Велес (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Градско)
Датум: 15.05.2024 (среда)
Место: Градскиот Стадион во Велес
Почеток:10.00 часот
Информации кај регионалниот координатор: Баже Левков 078/240-337
Прилеп (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Крушево, М. Брод, Кавадарци и Неготино)
Датум: 15.05.2024 (среда)
Место: Терен со вештачка трева на Општина Прилеп
Почеток:13.00 часот
Информации кај регионалниот координатор: Тони Наумоски 078/308-575
Битола (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Ресен, Демир Хисар)
Датум: 15.05.2024 (среда)
Место: Терен со вештачка трева на Општина Битола
Почеток:17.30 часот
Информации кај регионалниот координатор: Лазo Гаштаров 076/282 070
Струмица (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Гевгелија, Валандово, Радовиш, Дојран, Берово, Пехчево, Миравци, Демир Капија)
Датум: 17.05.2024 (петок)
Место: Терен со вештачка трева на Општина Струмица
Почеток:12.30 часот
Информации кај регионалниот координатор: Александар Стојанов 070/916-756
Штип (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Кочани, Виница, Свети Николе, Пробиштип, Делчево, Кратово, Крива Паланка, Македонска Каменица)
Датум:17.05.2024 (петок)
Место: Терен со вештачка трева на Општина Штип
Почеток: 15.00 часот
Информации кај регионалниот координатор: Димитар Маџунаров 078/476-715
Скопје (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Куманово)
Датум: 21.05.2024 (вторник)
Место: Тренинг Центар на ФФМ – Трибина на терен 1
Почеток: 9.00 часот
Информации кај регионалниот координатор: Звонко Златановски 078/345-402 или zvonko.zlatanovski@ffm.com.mk
НАПОМЕНА ОД ФУДБАЛСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА:
-Ќе има само еден круг на селектирање;
-Кандидатите при селектирањето треба да го дадат своето име, презиме, датум на раѓање, клуб во кој игра и позиција на која игра;
-Секој кандидат ќе треба да поседува лекарски преглед не постар од 4 (четири) месеци дека е способен за тренинг и натпревари кој ќе треба да се приложи при селектирањето;
-Секој кандидат си носи своја спортска опрема за селектирањето (кандидатите да бидат облечени во тренерки, дрес, гаќички, штуцни, костобрани и копачки како и да носат маица за пресоблекување, бидејќи нема да се користат соблекувални;
-На селектирањето целосно ќе се применува протоколот добиен од ДСУ „Спортска академија“ - Скопје.