Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Шаќири: ПМФ е исклучително важен елемент во мрежата на високообразовни и научни установи во државата

Шаќири: ПМФ е исклучително важен елемент во мрежата на високообразовни и научни установи во државата

 

Шаќири: ПМФ е исклучително важен елемент во мрежата на високообразовни и научни установи во државата

 

 

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска присуствуваше на свечена церемонија на Природно – математичкиот факултет во Скопје, на која беа промовирани новите дипломци и магистри, а на поранешни вработени им беа доделени плакети за исклучителен придонес во работата на факултетот. Честитајќи им сите  добитници на признанија за своите достигнувања, Шаќири рече дека треба да бидат горди што нивните успеси се врзани, односно никнуваат токму овој факултет, кој е исклучително важен елемент во мрежата на високообразовни и научни установи во државата и дава голем придонес во развојот на општеството. 

 

„За работата на ПМФ имам само пофални зборови. Дури и во услови кои ценам дека не секогаш во минатото биле најдостојни за една ваква реномирана образовна и научна установа, раководствата и кадарот успеваат да изградат добри академски генерации, да создадат просветни работници потребни во основните и средните училишта и да спроведат важни научно – истражувачки проекти од интерес на граѓаните“, рече Шаќири.

 

Токму како резултат на ова што го говорам, додаде тој, Владата реши да даде поддршка и да се подобрат условите за работа тука.

 

„Ќе потсетам дека неодамна Министерството за образование и наука додели 42 милиони денари за 13 проекти кои предвидуваат осовременување на лабораториските ресурси на ПМФ. Од аспект пак на привлекувањето што повеќе млади да се образуваат во овие амфитеатри, веќе неколку години доделуваме стипендии во висина од 18.000 денари на месечно ниво за секој кој ќе се запише на студиска програма по хемија, физика или математика. И тоа ќе продолжи затоа што навистина во државата има потреба од ваков тип на кадар“, потенцираше министерот.

 

Потврди дека поддршката од страна на Владата и МОН не само што ќе продолжи во иднина, туку и ќе се зголеми.

 

„Расте буџетот на министерството, а со тоа расте и делот кој се двои за високото образование и науката, што подразбира и повеќе средства за оваа установа“, истакна Шаќири.  

 

Министерот изрази благодарност до сите поранешни и сегашни вработени на ПМФ за обезбедениот континуитет на образовниот и научен процес, а на дипломираните студенти и магистри им порача да го применат стекнатото знаење за свој личен просперитет, но и за напредок на дравата.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar