Врз основа на член 54 став 1 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 248/20 и 302/20), Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици/чки запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/23), и Решението за распишување Конкурс за доделување 900 (деветстотини) стипендии за социјална поддршка од јавните и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година бр.19-11094/1 од 13.10.2023 година, Министерството за образование и наука распишува
К О Н К У Р С
за доделување 900 (деветстотини) стипендии за социјална поддршка на ученици/чки од јавните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година
Министерството за образование и наука за учебната 2023/2024 година ќе додели 900 (деветстотини) стипендии за социјална поддршка на ученици/чки од јавните средни училишта во Република Северна Македонија.
I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат ученици/чки кои учат во јавните средни училишта во Република Северна Македонија, а ги исполнуваат следните услови:
1. Да се редовни ученици/чки од I година, кои во текот на основното образование постигнале континуиран најмалку многу добар успех;
2. Да се редовни ученици/чки од II, III и IV година, кои во текот на средното образование постигнале континуиран најмалку многу добар успех;
3. Да не повторувале година во текот на образованието;
4. Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
5. Да се државјани на Република Северна Македонија.
Критериум за доделување на стипендиите се:
-Материјалната состојба на потесното семејство на ученикот,
-Социјалната положба на потесното семејство на ученикот,
-Остварениот успех и
-Освоени награди на меѓународни/државни натпревари освоени во текот на претходната учебна година
За критериумот материјалната состојба на ученици/чките и нивното потесно семејство, се земаат месечните примања по основ на месечна плата, пензија, социјална помош или надомест по основ на технолошки вишок за родителите-старатели на семејство на ученикот во однос на просечно исплатената месечна нето плата по вработен во Република Северна Македонија за последните три месеци утврдена од Државниот завод за статистика.
Ако месечните примања на потесното семејството по член се помали или еднакви со 35% од просечно исплатена месечна нето плата во Република Северна Македонија кандидатот го добива максималниот број на 60 бодови, ако месечните примања на семејството по член се поголеми од 35% а се помали или еднакви со 45% од просечно исплатена месечна нето плата во Република Северна Македонија кандидатот добива 40 бодови, ако месечните примања на семејството по член се поголеми од 45% а се помали или еднакви со 55% од просечно исплатена месечна нето плата во Република Северна Македонија кандидатот добива 30 бодови, ако месечните примања на семејството по член се поголеми од 55% а се помали или еднакви со 65% од просечно исплатена месечна нето плата во Република Северна Македонија кандидатот добива 20 бодови, ако месечните примања на семејството по член се поголеми од 65% а се помали или еднакви со 75% од просечно исплатена месечна нето плата во Република Северна Македонија кандидатот добива 10 бода, а ако месечните примања на семејството по член се повисоки од 75% од просечно исплатена месечна нето плата во Република Северна Македонија не се добиваат бодови.
Вкупните месечни примања по член на семејство, се пресметуваат како збир од сите приходи на месечно ниво на секој член на семејството со кое живее ученикот, поделен со вкупниот број членови на семејството.
За месечни примања се сметаат:
· Последна исплатена плата од татко
· Последна исплатена плата од мајка
· Последна исплатена плата од други членови на семејството
· Приходи од вршење стопанска и професионална дејност (на годишно ниво) / 12 (месеци) за секој член на семејството поединечно
· Приходи од вршење земјоделска дејност (на годишно ниво) / 12 (месеци) за секој член на семејството поединечно
· Приходи од имот и имотни права (на годишно ниво) / 12 (месеци) за секој член на семејството поединечно
· Останати приходи (на годишно ниво) / 12 (месеци) за секој член на семејството поединечно
Ученици/чките – деца на самохрани родители, деца на корисници на социјална помош и деца на корисници на надомест по основ на технолошки вишок кај кои вкупните приходи во семејството се до нето минималната плата утврдена во Република Северна Македонија, добиваат по 5 бодови.
За награди освоени на државно ниво ќе се признаваат само награди доделени од акредитирани здруженија на наставници од страна на Министерството за образование и наука кои организираат натпревари на ученици/чки. Под меѓународен натпревар се подразбира меѓусебен натпревар помеѓу ученици/чки од најмалку десет различни држави.
За критериумот освоена награда на меѓународни или државни натпревари за освоено I (прво), II (второ) или III (трето) место на меѓународен или државен натпревар по предмет односно струка (област) кое го изучувал согласно наставниот план и соодветните наставни програми, секоја диплома или награда на ученикот се вреднува со дополнителен 1 бод и ќе се бодираaт само дипломи/награди освоени во текот на претходната учебна година.
II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Ученици/чките кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk од 18.10.2023 до 01.11.2023 година.
Потребните документи за доставување се следните:
1. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2023/2024 година;
2. Свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение); (да се прикачуваат оригинални Свидетелства)
3. Дипломи за освоени награди на државни и/или меѓународни натпревари; (да се прикачуваат оригинални Дипломи)
4. Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за месец септември 2023 година или доколку за овој месец не е исплатена плата да се достави потврда за последната исплатена плата; за пензионираните членови на семејството да се достави документ за висина на пензија-чек; за разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход; за корисници на социјална помош да доставуваат последно решение или последен чек; за инвалидитет да се достави лекарска белешка; додека за браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/чки/студенти, се доставува потврда од училиштето, односно факултетот или друга институција;
5. Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија;
8. Трансакциска сметка на име на ученикот
Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.189/16), ќе го обезбеди следниот документ:
- Уверение од Управата за јавни приходи, за остварени годишни приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители – старатели, брат/сестра на кандидатот
- Потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок невработените членови на потесното семејство од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија;
- Извод на родени за брат/сестра под 6 годишна возраст, како и извод на умрените за починат родител од Управата за водење на матични книги;
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.
Кандидатите нема да бидат рангирани ако прикачената документација е некомплетна или доколку документите се достават/испратат хартиено.
Списокот со избраните ученици/чки ќе биде објавен на 18.12.2023 година на интернет страницата на Министерството.
Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 29.12.2023 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование и наука. Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата.
IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА
Висината на стипендијата ќе изнесува 3.500,00 денари месечно и ќе се исплатува во траење од девет (9) месеци за времетраењето на учебната година 2023/2024.