Се известуваат сите корисници на правото на студенстка стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, дека рокот за достава на документите до Министерството за образование и наука почнува од 01.10.2023 и трае до 30.10.2023 година.
Корисникот на стипендија треба да достави потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање и уверение/потврда за предвидени и положени испити со успех од претходните години и индекс како докази дека има положено 80% односно 90% (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот за стипендија
Документите се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk.
За било каква информација или прашање обратете се на електронската пошта studentski.stipendii@mon.gov.mk .