Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (Службен весник на Република Македонија бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11)и Националната Стратегија за Роми 2022 – 2030, Министерството за образование и наука, распишува
ЈАВЕН ПОВИК
за привремено ангажирање на едно лице за координирање на активности за доделување на стипендии на средношколци Роми во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година
СогласноНационалната Статегија за Роми 2022-2030 на Република Северна Македонија, Министерството за образование и наука доделува 920 (девестотини и дваесет) стипендии Роми во четири категории за ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија.За потребите на оваа активност министерството ќе ангажира едно лицеза координирање на активности за доделување и имплементација на стипендии на средношколци Роми. Преку оваа јавна политика Министерството за образование и наука ќе обезбеди дополнителна поддршка за ученици Роми кои учат во средните училишта обезбедувајќи зголемување на бројот на запишани ученици Роми во средно образование, зголемување на проодноста на средношколците Роми од една година во друга, зголемување на средниот успех на учениците и полесно совладување на училишната материја, зголемување на редовност на учениците, намаленото отсуство од училиште, подобрената комуникација на релација училиште-родител-дете, зголемување на социјализацијата и учество во воннаставните активности, зголемување на бројот на ученици Роми со средно образование.
I.УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА КООРДИНАТОР
- Услови за избор на лице за координирање на активности за доделување на стипендии на средношколци Роми во Република Северна Македонија
Право да се пријават на Јавниот повик за координатор имаат лица кои ги исполнуваат следните конкурсни услови:
а) да се државјани на Република Северна Македонија; и
в) да се припадници на ромската етничка заедница.
- Критериуми за избор на координатор
Кандидатите кои ќе се пријават на Јавниот повик треба да ги исполнуваат следните критериуми:
а) да имаат завршено високо образование;
б) да поседуваат способност за тимска работа и работа под притисок;
в) да бидат во состојба да работат со флексибилно работно време;
г) предност ќе имаат лицата кои имаат искуство со координирање и управување на програми и/или проекти за образование на млади Роми и познавање на ромскиот јазик.
- Место и рок за поднесување на документи
Кандидатите кои се пријавуваат наЈавниот повик, потребно е до Министерството за образование и наука, ул. Св.Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје, најдоцна до 10.08.2023 година да ги достават следните документи:
1. Кратка биографија (CV);
2. Писмо за мотивација (кандидатите на максимум две страници треба да ги образложат своите причини/мотиви за пријавување за координатор);
3. Копија од диплома за највисок степен на завршено образование;
4. Копија од државјанство;
5. Две препораки од ромски невладини организации за потврда за искуството за работа со ромската заедница со назначени телефони за контакт на лицата кои ја дале препораката;
6. Друга документација која кандидатот смета дека ја поткрепува пријавата, а е во функција на потребните критериуми.
Ненавремената и некомплетната документација нема да се разгледува и истата нема да влезе во конкуренција со останатите кои се пријавиле на јавниот повик.