Министерот Шаќири учествува на Светскиот образовен форум во Лондон

 

Министерот Шаќири учествува на Светскиот образовен форум во Лондон

 

Министерот Јетон Шаќири учествува на Светскиот образовен форум, најголемиот глобален собир на министри за образование и вештини, што од 22 до 25 мај се одржува во Лондон. Годинава учествуваат 112 министри од 107 земји во светот. На форумот со свое обраќање учествува и министерот за образование на Велика Британија, Надхим Захави.

 

 

На бројните официјални сесии и неформални дискусии главна тема е градењето на посилно, похрабро и подобро образование врз заеднички искуства и како националните образовни системи да се потпираат на наученото од пандемијата, да се споделат сознанијата, затоа што единствена цел на сите е градење на отпорност на воспитно-образовните системи. На маргините на Форумот, министерот Шаќири остварува и средби со студенти од државата кои што студираат во Велика Британија, како и разни европски чинители во областа на образованието, олеснети од Амбасадата на Република Северна Македонија во Лондон.

 

 

Светскиот образовен форум е извонредна можност за размена на мислења со директните ученици кои ги креираат одговорите на актуелните образовни предизвици од цел свет,  работејќи на развој на образование кое води кон економскиот напредок и просперитет.