Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

 

Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност (Slovak National Scholarship Programme of the Slovak Republic for the Support of Mobility).

Повикот се однесува на студиски престој на странски студенти, студенти на докторски студии, универзитетски професори, истражувачи и уметници на словачките високо образовни институции и истражувачки организации, за академската 2022/2023 година летен семестар.

 

Деталните информации и услови за стипендиите се објавени на веб страницата www.stipendia.sk и www.scholarship.sk

 

Апликациите треба да бидат доставени електронски на веб страницата: www.scholarship.sk, најкасно до  31 октомври 2022 година,  до 16:00 ч.  

 

За дополнителни информации може да се обратите директно до:

Ms.Kristina Sallerova, e-mail: nsp-sk@saia.sk         и

Ondrej Aradský, e-mail: ondrej.aradsky@saia.sk, администратори на програмата.

 

Исто така Амбасадата на Словачката Република информира дека во рамките на Словачката национална програма за мобилноста,  ќе се одржи вебинар „Стипендии за студирање и истражување во Словачка“ за потенцијалните кандидати од странство по повод претстојниот рок за поднесување на барања за стипендии за студиски, истражувачки, уметнички и наставни престои во летниот семестар на академската 2022/2023 година. .

Вебинарот ќе содржи презентација за Словачка и информации за тоа како правилно да аплицирате, што да запомните и што да избегнувате кога аплицирате за стипендија во рамките на Националната програма за мобилност. Вебинарот ќе се одржи на англиски јазик. Главната цел на вебинарот е преку информирање на кандидатите да се минимизира бројот на апликации со формални недостатоци, а со тоа и да се подобри квалитетот на поднесените апликации.

 

Вебинарот „Стипендии за студирање и истражување во Словачка“ ќе се одржи на 29 септември 2022 година, со почеток во 15:00 часот.

 

Линк за приклучување на вебинарот: https://bit.ly/3f0K1C6 

Информации на веб-страницата: https://www.saia.sk/en/main/news/news/study-and-research-scholarships 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar