Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Северна Македонија за учебната 2022/2023 година

Конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Северна Македонија за учебната 2022/2023 година

 

 

Врз основа на член 27 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/2005, 117/2008, 17/2011, 135/2011, 15/2013, 41/2014, 146/2015, 30/2016, 64/2018 и 20/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 248/2020 и 302/2020).Правилникот за начинот и постапката за прием на учениците во јавните ученички домови („Службен весник на Република Македонија“ број 55/10, 49/11, 50/15, 59/16, и 41/17) и Правилникот за начинот на остварување на правото за сместување во ученички дом за учениците во спортска академија бр.20-6066/1од 22.03.2016 година, Министерството за образование и наука распишува

К О Н К У Р С

за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Северна Македонија за учебната 2022/2023 година

 

Во учебната 2022/2023 година во јавните ученички домови ќе се примат за сместување и исхрана ученици од средното образование и тоа:

Ред. број

УЧЕНИЧКИ ДОМ

ГРАД/ОПШТИНА

 

Вкупен број на легла*

1

"Мирка Гинова"

Битола

308

2

“Лазар Лазаревски”

Велес

221

3

“Бранко Станоевиќ”

Гостивар

300

4

“Крсте П. Мисирков”

Кавадарци

100

5

“Проф. Мијалковиќ”

Куманово

120

6

“Митко Пенџуклиски”

Кратово

33

7

"Боро Менков"

Крива Паланка

60

8

“Св.Наум Охридски”

Македонски Брод

50

9

“Ванчо Питошески”

Охрид

125

10

“Кочо Рацин”

Свети Николе

106

11

“Димитар Влахов”

Струмица

94

12

“Браќа Миладиновци”

Струга

140

13

“Здравко Цветковски”

Скопје

410

14

“Д-р Панче Караѓозов”

Скопје

103

15

"Св. Наум Охридски"

Скопје

65

16

“Димитар Влахов” ЗРО

Скопје

40

17

“Партенија Зографски”

Скопје

210

18

“Искра”

Штип

70

 

*Согласно Протоколот за работа во услови на справување со вирусот COVID 19 на Јавните ученички домови во Република Северна Македонија во јавните ученички домови во една соба се сместуваат 50% ученици од вкупниот капацитет на собата и право на сместување ќе имаат само учениците кои имаат настава со физичко присуство или комбинирана настава. Доколку во текот на учебната година се надмине пандемијата и ќе се створат услови за сместување со полн капацитет, во домот ќе се сместат сите ученици кои стекнале право на сместување со Конкурсот. 

Првенство при прием на ученици во јавните ученички домови ќе имаат ученици запишани во I, II, III или IV година во Државното средно училиште Спортската академија во Скопје и дисперзираните паралелки на ова училиште во другите градови на Република Северна Македонија.

 

I. УСЛОВИ ЗА ПРИЕМ

Право на прием во јавните ученички домови имаат ученици кои ги исполнуваат следните услови:

1. Да се запишани како редовни ученици во средното образование во учебната 2022/2023 година;

2. Да се државјани на Република СевернаМакедонија;

3. Да се запишани на наставен план и програми кои не се застапени во општината/регионот односно градот Скопје каде ученикот има постојано место на живеење;

4. Училиштето во кое ученикот е запишан да е одалечено најмалку 25 километри од постојаното место на живеење и да има организирано јавен превоз;

5. Училиштето во кое ученикот е запишан да е одалечено најмалку 10 километри од постојаното место на живеење и нема организирано јавен превоз.

 

I. 1.

Право на прием во јавните ученички домови имаат ученици запишани во Спортската академија во Скопје, кои ги исполнуваат следните услови:

1. Да се запишани како редовни ученици во Спортската академија во Скопје во учебната 2022/2023 година;

2. Да се државјани на Република Северна Македонија;

3. Да се со место на живеење различно од местото во кое е Спортската академија и ако во општината/регионот во кое ученикот живее не се реализира наставен план за спорт за кои ученикот е запишан.

 

I. 2.

Учениците кои се со место на живеење различно од местото во кое е спортската академија и ако во местото во кое ученикот живее не се реализира наставен план за спорт за кој ученикот е запишан, може да конкурираат доколку:

- има потреба од тренинзи на ученикот по избраниот спорт, за што доставува потврда од спортската академија во која е запишан,

- ученикот е член на национална спортска репрезентација по избраниот спорт, за што доставува потврда од националната спортска репрезентација во која е член, и/или

- родителот, односно старателот во текот на школувањето на ученикот, го сменил местото на живеење, односно местото на престојување, за што доставува соодветен доказ од надлежен орган на управата.

 

II. НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Учениците кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот http://e-uslugi.mon.gov.mkили директно да поднесат хартиена пријава до ученичкиот дом.

Учениците може да конкурираат за прием во дом со наведување на името на ученичкиот дом и како алтернатива на друг ученички дом со наведување на називот на домот доколку во првоизбраниот дом бидат пополнети сите места.

Учениците кои електронски се пријавиле повеќе пати, за валидна ќе се смета последната пријава, пред доставувањето на потребните документи од Глава III.

Рокот за електронското пријавување на учениците кои се запишани во II, III, IV година почнува од 24.06.2022 година и трае до 01.07.2022година, а рокот за електронското пријавување на учениците кои се запишани во I-ва година почнува од 01.07.2022 година и трае до 08.07.2022 година.

Ученицитекои ќе достават хартиена пријава директно до ученичкиот дом, комплетната документација ја доставуваат од 04.07.2022 година до 15.07.2022 година, во ученичкиот дом во кој се пријавиле за сместување.

Учениците со посебни образовни потреби кои се сместуваат во домовите “Искра” Штип, “Партенија Зографски” Скопје, „Димитар Влахов“ Скопје и “Свети Наум Охридски” Скопје, не пополнуваат електронска пријава и документацијата ја доставуваат во ученичкиот дом во кој се пријавиле за сместување од 10.07.2022 година до 20.07.2022 година.

По објавување на списоците со рангирани ученици по домови, учениците имаат право на приговор во рок од 3 дена кој се поднесува во Министерство за образование и наука.

Доколку останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе биде активно од 15.08.2022 година се додека има слободни места, за што Министерството за образование и наука континуирано на својата веб страница ќе објавува списоци за примени ученици по домови.

Министерството го задржува правото да ги промени наведените роковии начин на пријавување во случај на оддолжување на вонредната состојба или поместување на други клучни рокови од кои зависи пријавувањето на Конкурсот. Сите промени ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството.

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

 

1. Барање за сместување во ученички дом;

2. Потврда од училиштето за средно образование дека е редовен ученик;

3. Копии од свидетелства за завршено образование од претходните учебни години (учениците кои се запишуваат за прв пат во задолжителното средно образование доставуваат копии од свидетелствата од VI, VII, VIII и IX одделение);

4. Изјава од родител-старател на ученикот за бројот на членови во семејството;

5. Потврди за сите остварени приходи на членовите во семејството (потврда за последно исплатена месечна нето плата, последен чек од пензија или решение за остварување на правото за користење на социјална помош), умреница за починат родител, доколку се невработени родителите да достават потврда од Агенцијата за вработување од надлежната општина; Потврда за брат/сестра (доколку е ученик/студент се доставува потврда од училиште/ факултет, доколку се вработени се доставува потврда од Агенцијата за вработување од надлежната општина, за предучилишна возраст се доставува копија од извод на родените);

6. Медицинска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на ученикот;

7. Изјава од родител-старател на ученикот дека во целост ќе ги подмири трошоците за евентуално направените штети од страна на ученикот и

8. Копија од уверение за државјанство на Република Северна Македонија.

Потребните документи-обрасци (за точките 1,4 и 7) за учество на Конкурсот, кандидатите може да ги добијат во јавните ученички домови и на официјалната интернет страна www.mon.gov.mk, каде е објавен Конкурсот. 

Министерството за образование и наука по службена должност обезбедува податок за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

 

 

III.1

За редовните ученици запишани во спортска академија:

1. Барање за сместување во ученички дом;

2. Потврда од Спортската академија дека е редовен ученик (за ученици од втора, трета и четврта година средно образование, а учениците кои се запишуваат за прв пат во спортска академија оваа потврда ќе ја достават по уписот во спортската академија);

3. Изјава од родител-старател на ученикот дека во целост ќе ги подмири трошоците за евентуално направените штети од страна на ученикот и

4. Доказ за државјанство на Република Северна Македонија.

 

Потребните документи-обрасци (за точките 1 и 3) за учество на Конкурсот, кандидатите може да ги добијат во јавните ученички домови и на официјалната интернет страна www.mon.gov.mk, каде е објавен Конкурсот. 

 

Учениците запишани во Спортската академија во Скопје кои конкурираат согласно точка I.2 од овој Конкурс дополнително доставуваат:

1. Потврда од спортската академија дека ученикот има потреба од тренинзи на ученикот по избраниот спорт;

2. Потврда од националната спортска репрезентација дека ученикот е член, и/или

3. Доказ од соодветен орган дека родителот, односно старателот во текот на школувањето на ученикот, го сменил местото на живеење, односно местото на престојување.

 

Министерството за образование и наука по службена должност обезбедува податок за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

 

IV. НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ПРИЕМ

Начинот и постапката за прием на учениците во јавните ученички домови, како и условите за сместување и исхрана се регулираат согласно Законот за ученичкиот стандард и Правилникот за начинот и постапката за прием на учениците во јавните ученички домови.

 

Комисијата формирана за рангирање и прием на ученици во ученичките домови ги врши следните работи:

- ја проверува поднесената документација од кандидатите;

- го утврдува списокот на примени ученици во домовите;

- разгледува приговори;

- го утврдува конечниот список на примени ученици во домовите;

- за учениците запишани во спортска академија да изврши проверка дали во општината, односно регионот во кој живее ученикот не се реализира наставен план за спорт за кој ученикот е запишан;

 

Комисијата списокот на примени ученици го утврдува врз основа изготвена ранг-листа на пријавените кандидати со точно пресметани бодови (со исклучок на учениците со посебни образовни потреби и учениците од Спортската академија), при што максималиот број на бодови да изнесува 100, од кои кандидатот може да оствари најмногу 40 бодови за остварениот општ успех наведен во сведителствата од претходните учебни години (за ученици од I година се зема остварениот успех од VI, VII, VIII и IX одделение), до 25 бодови за оддалеченоста од местото на живеење до местото на школување, до 10 бодови за примерно поведение на кандидатот од претходните учебни години, до 25 бодови за вкупно остварените приходи од потесното семејство на кандидатот (последна исплатена месечна плата, пензија или социјална помош на родителите-старатели на кандидатот и слично, во однос на просечно исплатената месечна нето плата по вработен во Република Северна Македонија за последните три месеци утврдена од Државниот завод за статистика);при изготвување на ранг листа не се бодираат учениците со посебни потреби кои конкурираат за сместување во ученичките домови за децата со посебни потреби, како и учениците од спортската академија бидејќи истите имаат првенство при сместување.

 

Листата на примени ученици ќе биде објавена на веб страницата на Министерството за образование и наука, како и на огласната табла на домот најдоцна до 15.08.2022 година.
Учениците, кои ќе бидат примени за сместување и исхрана во дом, сами ќе ги подмируваат трошоците за превоз од-до постојаното место на живеење.

 

Доколку предвидените места од II година, III година или IV година не се пополнат со ученици од соодветната година, истите може да се пополнат со ученици од I година доколку ги исполнуваат условите од овој конкурс, и обратно доколку предвидените места од I година не се пополнат со ученици, истите може да се пополнат со ученици од II година, III година или IV година доколку ги исполнуваат условите од овој конкурс.

 

Доколку слободните капацитети во јавните ученички домови не се пополнат и заради економска оправданост, конкурсот останува отворен за пополнување на слободните места со студенти во согласност со Правилник за начинот и постапката за прием на студентите во државните студентски домови („Службен весник на Република Македонија“ број 89/13 и 98/13).

 

Вселувањето на примените ученици започнува од 31 август 2022 година.

 

Потребни документи:
-Барање
-
Изјава за бројот на членови во семејството
-
Изјава за подмирување на трошоците
-
Изјава за согласност

 

(овие документи може да ги најдете на веб-страницата на Министерството www.mon.gov.mk)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar