Министерство за образование и наука

  / Твининг проект: Понатамошна поддршка за имплементирање на НРК / Активности на Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка за квалификации“ MK IPA 17 SO 01 21 финансиран од Европската унија во текот на месец јануари

Активности на Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка за квалификации“ MK IPA 17 SO 01 21 финансиран од Европската унија во текот на месец јануари

 

Почетокот на оваа година беше успешен старт за активностите на Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка за квалификации“ MK IPA 17 SO 01 21 финансиран од Европската Унија имплементиран во Министерството за образование и наука како корисник на проектот. Во иницијалната фаза на проектот, се одржаа две мисии од две различни активности од Компонента 1 и Компонента 4.

Првата мисија од Активност 1.1.1 „Преглед на методолошката и правната регулатива поврзани со НРК во согласност со политиката и правната рамка за надворешно обезбедување квалитет во високото и во стручното образование и обука преку инклузивен пристап кој се базира на докази” се одржа од 10-ти до 14-ти јануари, 2022-ра година. Експерти во високото образование и стручното образование и обука – Видмантас Тутлис (Центар за развој на квалификации и стручно образование и обука, Литванија), Еугениус Стмбрис (Агенција за Европски социјален фонд, Литванија) и Аурелија Валејкиене (Центар за обезбедување на квалитет во високото образование, Литванија), Славица Алојзија Черноша (Институт за стручно образование и обука, Словенија), Миле Џелалија (Агенција за Европски социјален фонд, Литванија) и Ана Тецилазич (Агенција за Европски социјален фонд, Литванија) и Елеин Котлер (Високиот совет за евалуација на истражувањето и високото образование на Франција (Hcéres), Франција) спроведоа работилници со домашни експерти за актуелната фактичка и правна рамка за обезбедување квалитет во високото образование и националната рамка за квалификации. Претставници од релевантни сектори во склоп на Министерството за образование и наука, Агенцијата за обезбедување квалитет во високото образование како и претставници од Одборот за Евалуација и Одборот за Aкредитација, Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, Центарот за стручно образование и обука, Националниот одбор за македонската рамка за квалификации, Центарот за образование на возрасни и други институции и тела учествуваа во дискусија поврзана со актуелните практики што се однесуваат на обезбедување квалитет на националната рамка за квалификации и ги споделија своите очекувања од странските експерти во делот каде им е потребна помош и поддршка.

                                                

           

Во текот на мисијата, странските експерти на проектот беа поканети да учествуваат на една од сесиите на Националниот одбор за македонската рамка за квалификации која се одржа во Клубот на пратеници со цел да се запознаат со работата на Одборот, како и да разговараат околу процедурите за развој и одобрување на стандардите на квалификации и стандардите на занимање. Дополнително, беше разговарано за работите на кои треба да им се посвети внимание и кои претставуваат приоритет. Во следните мисии експертите на проектот ќе соработуваат и ќе останат во постојана комуникација со Одборот.

                             

Првата мисија од Активност 4.1.1 „Подготовка и утврдување на писмени препораки за понатамошните функции и поврзувања на стратешко и оперативно ниво кои треба да се ажурираат за обновување на НРК дигиталниот регистар” се одржа од 17-ти до 21-ви јануари, 2022-ра година. Експерти од Институтот за стручно образование и обука на Словенија – Уршка Маретич и Ника Мустар заедно со домашни претставници го споделија своето искуство во рамките на развојот, надградувањето и одржувањето на дигиталниот регистар. Во текот на оваа мисија, домашните експерти се запознаа со функционалностите на дигиталниот регистар на Словенија и дискутираа за можни подобрувања на дигиталниот регистар на Северна Македонија. Во склоп на мисијата, експертите одржаа состанок со претставници на проектот на Асеко со цел да разговараат за соработката и координацијата која треба да се одвива со оглед на тоа што двата проекти се имплементираат истовремено.

                            

На 24-ти јануари, 2022-ра година, г-ца Јолита Буткиене, Постојан твининг советник на проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на националната рамка за квалификации“ беше поканета на сесија на Секторската комисија за економија, право и трговија со цел да ги презентира целите на проектот и да ја потврди соработката и потребата на секторските комисии во активностите на проектот

 

                                                                                  

Во презентацијата Постојниот твининг советник, Јолита Буткиене накратко ги сумираше резултатите на мисиите кои веќе се спроведени и даде краток осврт на оние мисии и активности кои следат. Како главен фактор за успешен проект ја наглaси соработката и вклученоста на сите чинители во процесот.

Со цел проширување на соработката и инволвираноста на релевантните засегнати страни, Постојниот твининг советник г-ца Јолита Буткиене, учествуваше на десеттата седница на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност. Беа презентирани планираните активности, како и важноста од соработка и заедничка работа во поглед на ревизија, измени и дополнувања на потребните документи и закони како Законот за националната рамка за квалификации, Правилниците за акредитација и евалуација, усогласеноста со Меѓународната стандардна класификација на образованието (ISCED) и сл.

                                              

Овој Билтен е изработен со поддршка на Европската унија. Содржината е одговорност само на твининг проектот и никако не ги одразува ставовите на Европската унија.

 

Твининг проект: Понатамошна поддршка за имплементирање на НРК

Back to top
Close Offcanvas Sidebar