Програмата Стипендиум Хунгарикум (Stpendium Hungaricum) за учебната 2022/2023 година за кандидати од Република Северна Македонија доделува вкупно 20 стипендии:
· 7 стипендии за целосни додипломски (BA/BSc) студии, во областите: земјоделство, инженерство, технологија, здравствена наука и здравствена заштита, економија, либерални уметности и природни науки;
· 7 стипендии за целосни магистерски студии (MA/MSc), исто така во горенаведените области;
· 4 стипендии за целосни докторски студии (PhD/DLA) во било која област;
· 2 стипендии за интегрирани магистерски студии (one-tier master - OTM) во областите: земјоделство, здравствени науки и здравствена заштита;
· делумни студии за сите нивоа и области на студии како што се наведени погоре.
Доколку студиите се изведуваат на некој странски јазик, потребно е кандидатите да го познаваат тој јазик на ниво кое го бара институцијата -домаќин (универзитетот).
Доколку студиите се изведуваат на унгарски јазик, прифатените студенти за време на првата година на студии треба задолжително да посетуваат курс за унгарски јазик, кој го нуди универзитетот каде ќе студираат и мора да го положат испитот на крајот на вториот семестар.
Сите подетални информации за начинот, критериумите и потребните документи за аплицирање, како и листата на студиски програми на државните унгарски универзитети, факултети и колеџи и целосниот текст на повикот (Call for application 2022-2023) може да се најдат на: https://stipendiumhungaricum.hu/
Контакт е-маил адреса: stipendiumhugaricum@tpf.hu
Начин на аплицирање:
Аплицирањето се врши исклучиво по електронски пат. Формуларот за аплицирање може да се преземе од следната интернет страница: https://apply.stipendiumhungaricum.hu/
Оnline системот за поднесување на потребните документи ќе биде отворен до 15 јануари 2022 година, до 23:59 часот.
Документи кои се испраќаат до Министерството за образование и наука:
Доколку имаат, кандидатите за стипендијата треба да достават документ за освоено прво, второ или трето место на национален или меѓународен натпревар во областа за која аплицираат за стипендија.
Исто така, доколку имаат дипломи од странство, да достават документ за извршена еквиваленција и нострификација на истите, на следнава e-mail адреса: stipendiumhungaricum@mon.gov.mk