Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска за Канал 5: Ланското искуство ни покажа дека училиштата не се трансмитери на вирусот, наставниците, учениците и родителите доследно да ги почитуваат протоколите

Царовска за Канал 5: Ланското искуство ни покажа дека училиштата не се трансмитери на вирусот, наставниците, учениците и родителите доследно да ги почитуваат протоколите

 

Царовска за Канал 5: Ланското искуство ни покажа дека училиштата не се трансмитери на вирусот, наставниците, учениците и родителите доследно да ги почитуваат протоколите

 

 

Одлуката којашто е донесена  е учебната година да започне со физичко присуство. Јас можам да зборувам за работи кои до денеска се донесени и за кои ние се подготвуваме, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во гостување во „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија, за тоа како ќе започне новата учебна година.

 

„Како МОН на Владата и предложивме три сценарија уште во јуни месец. За истите сценарија беа известени и родителите и училиштата. Свое мислење даде и Главниот координативен штаб. Исто така препораките на УНИЦЕФ и на ОЕЦД се дека училиштата треба први да се отворат и последни да се зтаворат. Бидејќи најважниот интерес на детето е правото на учење. Минатата година покажавме дека со 40 % присутност на учениците во училиштата, училиштата не се трансмитери на вирусот“, рече Царовска.

 

Министерката истакна дека како држава минатата година осум месеци се следеа училиштата кои многу одговорно постапуваа кон протоколите и истите се почитуваа и од наставниците и од родителите и од учениците.

 

„Доказ за тоа дека настава со физичко присуство може да се одвива под протоколи е минатата година, заради тоа речиси се идентични протоколите. Има некои мали измени за спроведување на настава со физичко присуство, а минатата година немаше ниту еден случај на интерно ширење на болеста. Тоа го потврди и Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство. Навистина сметам дека на истото ниво на одговорност ќе бидат и директорите и наставниците и учениците“, рече Царовска.

Министерката истакна дека се предвидени и исклучоци за отсуство од настава со физичко присуство.  Тие се однесуваат на децата кои имаат хронични болести, деца  чии родители или други членови на домаќинството имаат хронични болести, но има и  од немедицински причини за што училиштето само ќе одлучува.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar