Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Номинација за наградата УНЕСКО-ЛОРЕАЛ за жените во науката за 2022 година

Номинација за наградата УНЕСКО-ЛОРЕАЛ за жените во науката за 2022 година

 

УНЕСКО ги поканува државите - членки да поднесат свои номинации за наградите на УНЕСКО - ЛОРЕАЛ за жените во науката за 2022 година.

Наградите во износ од по 100.000 евра поединечно ќе им се доделат на 5 (пет) истакнати жени научници, за нивниот особен придонес во научното истражување, посветеност и влијание врз општеството.

 

 Во прилог се доставени правилата и процедурите во врска со овие награди, со напомена дека начинот на поднесување на кандидатурите е единствено преку он-лајн платформата креирана за овие награди: https://www.forwomeninscience.com  најдоцна до 31 мај 2021 година.

Номинациите, заедно со сите пропратни документи , согласно условите и правилата за номинирање, потребно е да бидат доставени до Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија, во печатена и електронска форма на следните е-маил адреси: tkraljevska@kultura.gov.mk i lupco.smilev@kultura.gov.mk ,најдоцна до 20 мај 2021, со цел да бидат доставени преку онлине платформата на УНЕСКО

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar