Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска за ТВ 21: Создаваме современо образование коешто ќе понуди еднаква стартна позиција за секое дете

Царовска за ТВ 21: Создаваме современо образование коешто ќе понуди еднаква стартна позиција за секое дете

 

Царовска за ТВ 21: Создаваме современо образование коешто ќе понуди еднаква стартна позиција за секое дете

 


Современ систем на образование мора да постои и на тоа работиме. Првиот чекор на осовременување мора да го направиме затоа што сите истражувања, сите оценувања укажуваат дека нашите деца остануваат функционално неписмени, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во емисијата “10 минути” на ТВ 21.

Царовска истакна дека денеска создаваме образование за дигиталното време. Образование коешто ќе понуди еднаква стартна позиција во животот подеднакво за сите деца.


“Се зборува за социјално раслојување, и се обидуваат да прикажат дека ова ќе создаде нееднаквост. Апелирам дека денеска постои длабок јаз помеѓу учениците од социјален ризик и од несоцијален ризик. Едните имаат пристап само до неквалитетен учебник, но немаат пристап до таблет и компјутер, ниту до интернет за разлика од други ученици кои имаат пристап и до неквалитетен учебник, но имаат можност да учат од енциклопедии, или да истражуваат на интернет”, рече Царовска.


Министерката истакна дека со законско решение кое што се почнува во четврто одделение идната учебна година, учениците коишто доаѓаат од семејства од социјален ризик ќе имаат подеднаков пристап до дигитални уреди, а со тоа подеднакви можности понатаму во животот затоа што ќе ги совладаат вештините за употреба на дигитални алатки и уреди кои им се неопходни.


За начинот на којшто ќе се обезбедуваат уредите Царовска истакна дека податоците за учениците кои се во социјален ризик ќе се добијат од системот и од самите училишта.

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar