Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска: Образованието е клучен столб во градењето на општество кое се темели на граѓанските вредности

Царовска: Образованието е клучен столб во градењето на општество кое се темели на граѓанските вредности

 

Царовска: Образованието е клучен столб во градењето на општество кое се темели на граѓанските вредности

 

Образованието е клучен столб во градењето на општество кое се темели на граѓанските вредности. Новата Концепција за основно образование која ќе се имплементира во следните 5-6 години за првпат ги поставува инклузивноста, родовата рамноправност и интеркултурноста како клучни принципи кои директно се поврзани со Националните стандарди за образование. На овој начин го јакнеме мултикултурализмот, почитувањето на различностите и создавањето на едно општество за сите.

 

Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска за време на панел дискусијата на тема „Недискриминација и мултикултурализам во училиштата“ во организација на Цивил.

 

„Сите бевме сведоци дека со години се објавуваа дискриминирачки содржини во учебници. Денеска водиме дебата за тоа каква форма на учебници треба да имаме, притоа зборувајќи за законско решение кое експлицитно преку повеќе филтри превенира влез на вакви содржини во учебниците и воопшто во дидактичките материјали“, рече Царовска.

 

Министерката информираше дека веќе 2 учебника кои имаат дискриминаторна содржина се повлечени од употреба и дека тоа е покажување на системска волја нешто да се смени. Согласно новата Концепција за основно образование, како ќе се изработуваат новите наставни програми, така ќе се отпочнуваат и постапки за изработка на нови учебници.

 

„Не е дозволиво да се носат закони за дискрминиција и инклузивност, а во реалноста има дискриминаторни содржини во училиштата, содржини кои навредуваат и директно да се  создава атмосфера на незадоволство“, рече Царовска, потенцирајќи дека работите интензивно почнуваат да се менуваат.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar