Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска во вестите на „Сител“: Со новиот закон за учебници фаќаме чекор со државите со квалитетно образование

Царовска во вестите на „Сител“: Со новиот закон за учебници фаќаме чекор со државите со квалитетно образование

 

Царовска во вестите на „Сител“: Со новиот закон за учебници фаќаме чекор со државите со квалитетно образование

 

Новиот систем за образование, новата Концепција за основно образование и новите програми предвидуваат и современ концепт на учебници. Со новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали се обезбедува можност за избор. Од прво до трето одделение учебниците се во печатена форма, за да можат учениците да развијат однос кон книга, што е важно за нивниот социјален и емотивен развој, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во гостувањето во вестите на Сител телевизија.

 

„Учениците над четврто одделение секако се оспособуваат за дигиталните алатки, тие живеат и растат со дигитални алатки, но ги насочуваме да ги употребуваат и за корисни работи, не само за игри и за социјални мрежи, туку и учење и читање“, нагласи Царовска.

 

Во светот од 2011 почнува трансформацијата на книгите од печатени во електронски, а нашата земја со задоцнување фаќа чекор со државите со квалитетно образование.

 

„Ние сме во процес на транзиција и осовременување на образованието. И Законот го зема тоа предвид и предвидува секаде каде имаме можност се користат дигитални учебници. За учениците коишто немаат електронски уреди, училиштето има обврска да ги испечати учебниците и да им ги даде. Сега веќе не се заштитени авторските права да морате од купен учебник да учите. Го добивате учебникот во електронска верзија, тој може во училиштето да биде испечатен и дистрибуиран до учениците и родителите кои имаат потреба од тоа“, укажа министерката Царовска.

 

Новата регулатива дава можност учениците да позајмат дигитални уреди од училиштето, кое има обврска да обезбеди библиотечен фонд на таблети, на коишто ќе бидат поставени учебниците, за да можат учениците да ги користат. Министерката Царовска рече дека за реализација на ова се работи со Светска банка, којашто е партнер на државата во спроведување на образовната реформа.

 

„Целата програма со Светска банка е да обезбедиме подобри услови и ресурси во училиштата. Ќе бидеме посветени на набавка на дигитални уреди за учениците што немаат, но и за и опремување на сите кабинети и на инфраструктурно подобрување во училиштата“, објасни министерката Царовска.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar