Министерството за образование и наука известува за можноста за добивање на стипендија за студирање и професионално усовршување на високообразовните установи во Република Хрватска за академската 2021/2022 година.
Подетални информации за критериумите и условите за остварување на правото на стипендија можат да се обезбедат на следните линкови:
https://www.mobilnost.hr/en/content/bilateral-programmes-of-mobility-in-higher-education/
Крајниот рок за доставување на апликациите е 5 мај 2021 година (во тврда копија) во архивата на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, ул.„Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје
Покрај ова потребно е апликацијата со сите барани документи да се испрати на следнава e-mail адреса: aleksandar.tutnovski@mon.gov.mk
За дополнителни информации и прашања може да испратите меил на: bilaterala@mobilnost.hr