Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Јавен оглас за рецензенти на учебници

Јавен оглас за рецензенти на учебници

 

Врз основа на член 16 став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на Република Македонија” бр. бр.98/08, 99/09, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14,146/15, 217/15, 30/16 и 21/18), директорот на Педагошката служба, распишува:


ЈАВЕН ОГЛАС
за рецензенти на учебници


1.Нарачател: Министерство за образование и наука-Педагошка служба, ул.„Св.Кирил и Методиј“ бр. 54-Скопје.

2. Се распишува Јавен оглас за рецензенти по предметите:

- Биологија (Здравствена струка, Земјоделска-ветеринарна струка, Лични услуги, Хемиско-технолошка струка, Шумарско-дрвопреработувачка струка) за I година средно стручно четиригодишно образование.

- Математика (Геолошко-рударска и металуршка струка, Градежно-геодетска струка, Графичка струка, Економско-правна и трговска струка, Електротехничка струка, Лични услуги, Машинска струка, Сообраќајна струка, Текстилно-кожарска струка, Угостителско-туристичка струка и Хемиско-технолошка струка) за I година средно стручно четиригодишно образование.

- Нацртна геометрија СЕКТОР/СТРУКА: ГРАДЕЖНИШТВО И ГЕОДЕЗИЈА/ ГРАДЕЖНО-ГЕОДЕТСКА Заеднички предмети за квалификациите/образовните профили: архитектонски техничар, техничар дизајнер за внатрешна архитектура, геодетски техничар и градежен техничар.

- Информатика за I година средно стручно четиригодишно образование.

-Хемија за I година средно стручно четиригодишно образование (Геолошко-рударска и металуршка струка, Графичка струка, Лични услуги, Шумарско-дрвопреработувачка струка, Текстилно-кожарска струка, Здравствена струка, Земјоделска-ветеринарна струка).

-Суровини, производи и амбалажа СEKTOР/СТРУКА: ХЕМИЈА И ТЕХНОЛОГИЈА/ХЕМИСКО-ТЕХНОЛОШКА, Заеднички предмети за квалификациите/образовните профили: хемиски лабораториски техничар, прехранбен техничар, техничар за заштита на животната средина, техничар за козметички и хемиски производи, за I година средно стручно четиригодишно образование.

- Графички материјали  СЕКТОР/СТРУКА: ГРАФИЧАРСТВО/ГРАФИЧКА Заеднички предмети за квалификациите/образовните профили: графички техничар и графички уредник-дизајнер, за I година средно стручно четиригодишно образование.

 

- Агрометеорологија со климатологија СЕКТОР/СТРУКА:ЗЕМЈОДЕЛСТВО, РИБАРСТВО И ВЕТЕРИНАРСТВО/ ЗЕМЈОДЕЛСКО-ВЕТЕРИНАРНА Заеднички предмети за квалификациите/образовните профили:   агротехничар, техничар за фитомедицина и техничар за агроменаџмент, техничар по ветеринарна медицина, за I година средно стручно четиригодишно образование.

 

- Градежништво, геодезија и други сектори на квалификации СЕКТОР/СТРУКА: ГРАДЕЖНИШТВО И ГЕОДЕЗИЈА/ ГРАДЕЖНО-ГЕОДЕТСКА Заеднички предмети за квалификациите/образовните профили: архитектонски техничар, техничар дизајнер за внатрешна архитектура, геодетски техничар и градежен техничар, за I година средно стручно четиригодишно образование.

 

- Анатомија и физиологија  СЕКТОР/СТРУКА: ЗДРАВСТВО И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА/ЗДРАВСТВЕНА Заеднички предмети за квалификациите/образовните профили: медицинска сестра, гинеколошко-акушерска сестра, забен техничар, дентален асистент, фармацевтски техничар, медицински лабораториско-санитарен техничар, физиотерапевтски техничар, за I година средно стручно четиригодишно образование.

 

- Техничко цртање со нацртна геометрија  СЕКТОР/СТРУКА: ШУМАРСТВО И ОБРАБОТКА НА ДРВО/ШУМАРСКО-ДРВОПРЕРАБОТУВАЧКА Заеднички предмети за квалификациите/образовните профили: Шумарски техничар, техничар за мебел и ентериер, техничар за обработка на дрво, техничар за пејзажен дизајн, за I година средно стручно четиригодишно образование.

 

- Текстилно-кожарски суровини СЕКТОР/СТРУКА: ТЕКСТИЛ, КОЖА И СЛИЧНИ ПРОИЗВОДИ /ТЕКСТИЛНО-КОЖАРСКА Заеднички предмети за квалификациите/образовните профили: техничар за изработка на облека, техничар за моделирање на облека, техничар за обувки, техничар за моделирање на обувки, за I година средно стручно четиригодишно образование.

 

- Техничка комуникација СЕКТОР/СТРУКА: ГЕОЛОГИЈА; РУДАРСТВО И МЕТАЛУРГИЈА/ ГЕОЛОШКО; РУДАРСКА И МЕТАЛУРШКА Заеднички предмети за квалификациите/образовните профили: Геолошко-рударски техничар, металуршки техничар, за I година средно стручно четиригодишно образование.

 

 -  Основи на геологија, рударство и металургија СЕКТОР/СТРУКА: ГЕОЛОГИЈА; РУДАРСТВО И МЕТАЛУРГИЈА/ ГЕОЛОШКО; РУДАРСКА И МЕТАЛУРШКА  Предмети за квалификацијата/образовен профил: металуршки техничар, за I година средно стручно четиригодишно образование.  

-Минералогија СЕКТОР/СТРУКА: ГЕОЛОГИЈА; РУДАРСТВО И МЕТАЛУРГИЈА/ ГЕОЛОШКО; РУДАРСКА И МЕТАЛУРШКА Заеднички предмети за квалификациите/образовните профили: геолошко-рударски техничар, за I година средно стручно четиригодишно образование.

-Албански јазик за учениците од другите заедници (изборен предмет) за VII одделение на деветгодишното основно образование.

- Албански јазик за учениците од другите заедници (изборен предмет) за VIII одделение на деветгодишното основно образование.

- Албански јазик за учениците од другите заедници (изборен предмет) за IХ одделение на деветгодишното основно образование.


3. Пријавените рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:

- да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава и

- да бидат наставници од основно односно средно училиште соодветни за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава.

Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:

- уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кандидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија),

- изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование.

- преглед на регистирани податоци во матична евиденција од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Пријавата може да се преземе од следниот линк или да се подигне во Министерството за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите е 26.04.2021  година.
Некомплетните или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани.

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar